Силното невреме проследено со силен ветер кое го погоди Скопје, остави зад себе паднати дрвја и искршени гранки низ повеќе локации во општина Кисела Вода. Кризниот штаб на Општина Кисела Вода е веднаш активиран, а сите расположливи служби се веќе излезени на терен – соопшти општинската прес-служба.
Оттаму велат дека интензивно се работи на сечење и отстранување на паднатите дрвја и расчистување на блокираните улици и јавни површини.
– За побрзо и поефикасно санирање на последиците, активно се координираме со Центарот за управување со кризи (ЦУК), ЕВН и со службите на Град Скопје. Упатуваме апел до сите жители на Општина Кисела Вода: доколку во вашата околина има паднато дрво, блокиран пат или забележите друга директна опасност предизвикана од ветерот, пријавете кај нашите дежурни лица на следните телефонски броеви: Бобан: 072 250 719 Димитар: 072 443 500 Нашите екипи ќе останат на терен и ќе работат посветено сè додека не се нормализира состојбата во општината – се вели во информацијата од Општина Кисела Вода.
