Општина Бутел донираше 22.000 литри вода за пиење за потребите на граѓаните на Гостивар, како поддршка поради актуелната состојба со водоснабдувањето во градот.
Како што соопштија од Општина Бутел, локалната самоуправа презела активности за обезбедување помош за гостиварци, при што била организирана испорака на вода за пиење.
– Локалната самоуправа презеде активности за поддршка и помош на граѓаните на Гостивар и обезбеди вода за пиење, поради актуелната состојба со водоснабдувањето. Градоначалникот Дарко Костовски изрази благодарност до сите членови на Советот на општината, кои ја поддржаа оваа донација. Воедно, градоначалникот изрази посебна благодарност до општествено одговорните компании од општина Бутел, за обезбедување на 22.000 литри вода за пиење – стои во соопштението од Општина Бутел.
