Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Околу 60 студенти од следниот месец на пракса во матичните општини, проект на ИНОВА и Министерството за локална самоуправа

Околу 60 студенти во текот на следните два месеца ќе имаат можност…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Околу 60 студенти во текот на следните два месеца ќе имаат можност да стекнат практично искуство во своите матични општини. Станува збор за проект што го реализира Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво (ИНОВА) во соработка со Министерството за локална самоуправа.

Околу 40 општини пројавиле интерес за проектот, а потпишувањето на договорите ќе се реализира по празниците. Финансирањето ќе се реализира преку ресурсниот центар на Министерството за локална самоуправа. 

– Овој проект е резултат на успешната соработка и потпишувањето меморандум меѓу Министерството за локална самоуправа, државните универзитети и општините. Идејата е оваа година да видиме како ќе се одвива целиот процес на практикантството, а веќе од наредната година планираме бројот на студенти и бројот на општини да биде сè поголем. Секако, ја разгледуваме и можноста за вклучување на приватниот сектор во овој процес, вели директорката на ИНОВА, Даниела Димовска.

Реклама

Министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ рече дека ова е почеток на еден сериозен процес. На најголемиот дел од општините им е потребен сериозен кадровски потенцијал, вели Стоилковиќ, изразувајќи надеж дека голем дел од студентите ќе ја искористат можноста што им се нуди, ќе остават добар впечаток во општините каде што ќе бидат практиканти и на тој начин ќе си ги зголемат шансите за идно вработување во локалната самоуправа.

– Некои од практикантите сигурно ќе се снајдат подобро, некои можеби помалку успешно, но ако го отвориме овој процес, можеме да се надеваме дека во иднина локалната самоуправа уште подобро ќе ги исполнува задачите заради кои постои – да биде блиска до граѓаните, да ги решава нивните проблеми и да биде во нивна служба. Од тој аспект, ова е само почеток на еден сериозен процес. Ние, како Министерство, заедно со Агенцијата за иновации, планираме овој процес следната година да го прошириме и кон приватните компании, но, да оставиме времето да покаже какви ќе бидат резултатите. Во секој случај, ние ги отвораме вратите за младите студенти и практиканти да влезат и своето знаење да го покажат на практичен начин, изјави Стоилковиќ.