Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Прилози

Од 1 октомври кај матичен лекар ќе може да дадете согласност за донирање органи

Секој полнолетен граѓанин ќе може кај својот  матичен лекар да се изјасни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Секој полнолетен граѓанин ќе може кај својот  матичен лекар да се изјасни дали  по смртта ќе биде органодарител. Со ова органодонорството станува дигитално.  Се ќе биде евидентирано во системот „Мој Термин“ а одлуката ќе може да се промени во секое време ако некој се премисли. Сите потенцијални органодонори ќе бидат сместени   во посебна база на податоци. Ова  ќе им овозможи на здравствените установи и стручните тимови во секој момент да располагаат со информации за потенцијалните донори.

-При посета на  својот избран матичен лекар  секој полнолетен граѓанин ќе може јасно да се изјасни дали се согласува или не се согласува по смртта да биде дарител на органи и ткива заради лекување. Пред да ја даде изјавата избраниот лекар ќе има обврска да го информиара граѓанинот за значењето на одлуката за нејзините правни последици и за правото во секое време таа да може да се промениистакна министерот за здравство Азир Алиу

Алиу додава дека зад секоја трансплантација стојат човечки животи и семејтства што чекаат  и надеж што не смее да се остави без системска поддршка на државата.

Реклама

-Токму тоа го прават овие законски измени што поминаа на седница на Собрание. Волјата на граѓанинот конечно добива јасна, видлива и заштитено место во ситемот-истакна министерот за здравство Азир Алиу

Изјавата ќе се потпишува лично, ќе ја заверува избраниот лекар и ќе биде архивирана, а потоа како скениран документ ќе се внесе во националната електронска евиденција во здравството.  Алиу истакна дека со измените на Законот за земање и пресадување делови од човечкото тело заради лекување е направен значаен исчекор во областа на трансплантацијата, додавајќи дека модулот во „Мој термин“ веќе е развиен. Паралено се работи и на уредбите и правилникот со кои ќе се уредат националната листа со податоците, формата на изјавата и начинот на давањето и промената. Новиот закон за органодонорство ќе започне да се применува од 1 октомври оваа година. Наместо досегашното ограничување до трето колено, со новите измени ќе биде овозможено дарување и меѓу лица кои се во четврто колено сродство, во согласност со светските стандарди.