Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Економија

Плафон цени од утре и на храната и на горивата, како ќе се преживува?

Од утре се очекува драстично поскапување на горивата. Ќе поскапат и за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од утре се очекува драстично поскапување на горивата. Ќе поскапат и за 10 денари бидејќи Владата не ја продолжи мерката за намалено ДДВ од 18 на 10 отсто и се враќа акцизата.

Според ова, 98 октанскиот бензин би требало да биде 106 денари, еуросупер 95 – 104 денари, дизелот 95 денари и екстра лесното масло за горење 93,5 денари.

Владата одржа седница, но на неа не станало збор за пролонгирање на антикризните мерки.

Реклама

Ова би значело поскапување на лебот, брашното и млекото за 5 до 6 денари, како и на маслото за јадење и до 10 денари.

Ќе следува и доплонително поскапување во наредните денови, но не само на овие туку и на сите останати производи зашто освен враќањето на ДДВ-то и на маржите, на крајните цени ќе влијаат и поскапените енергенси и други сировини.

Компаниите признаваат дека ќе мора да стават нови покачени цени за финалните производи. Од Агро- Бизнис комората во неколку наврати порачуваат дека се потребни мерки како активирање на стоковите резерви и субвенции за електрична енергија.

Активирање на стоковите резерви коишто ги има државата со соодветно ниски цени коишто ќе овозможат цените на финалниот производ да се стабилизираат и да бидат со пониски цени. Втората мерка е субвенционирање на електричната енергија цената на потрошувачите кои се на регулиран пазар со  електрична енергија.  Компаниите си прават калкулации, го имаат во предвид осиромашувањето на граѓаните и животниот стандард затоа и покачувањата не се 100 проценти . Секоја компанија ќе калкулира до каде може да оди, вели Горан Ѓорѓиевски претседател на Агро- бизнис комора.

Според Државниот завод за статистика течните горива веќе се поскапени за 53,5% споредено со април 2021 година, а храната за речиси 15%. Македонија се соочува со најголемата инфлација од почетокот на 90-те години.

Кристина Алексиеска