Реклама

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Економија

Од македонско сонце, со француски пари ќе се произвдува струја – наскоро во Штип ќе се гради најголемата фотоволтаична централа на балканот

На местототo каде што требаше да се грaди карго аеродромот во Штип, сега…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На местототo каде што требаше да се грaди карго аеродромот во Штип, сега ќе никне најголемиот агроволтаичен парк на Балканот. Централата „Стипеон„ кој ќе биде со моќност до 400мегавати ќе се гради во атарите на селата Три Чешми, Врасаково, Криви Дол и Мустафино и ќе се простира на околу 500хектари земјоделско земиште.  Освен штипска, централата ќе зафаќа дел и од светиниколската општина.  Со ова Штип ќе стане пионер во искористењето на обновливите извори на енергија.

„ Инвестицијата е значајна од неколку аспекти, енергетски, економски и заштита на животната средина. Она што нам најмногу не интересира е тоа што ќе допринесе за развој на локалната економија за подобрувње на енергетската состојба во државта од ааспект на тоа дека овде ќе работат работници и локални  фирми кои ќе учествуваат во изградбата на овој проект , за кој се надевам дека во најбрз можен рок ќе започне да се имплементира„изјави Иван Јорданов, градоначалник на тип.

Според најавите, со  изградба треба да започне за неколку месеци. Француската инвестиција тешка околу 270милиони евра е единствен од ваков тип во регионот. Освен тоa ќе се произведува струја, земјоделците под панелите ќе може да одгледуваат и земјоделски култури, како бостан, тикви и крставици

Реклама

„ Под фотоволтаиците што ќе бидат инсталирани, ќе се стават на поголема височина и може да се одгледуват одредени земјоделски култури. Тоа е многу добро бидејќи во тој случај не го користите земјитето само како граадежно,туку можете и понатаму да го обратувате. Секако дека не може со секоја култура, но им одредени кои може да се засадат„ изјави Каја Шукова, министерка за животна средина.

Енормниот скок на цената на струја, минатата зима пред свршен чин ги стави македонските компаниите кои за да го издржат енергетското цунами единствен спас им беше поставување на панели.

  „Околу снабдувањето не очекувам проблеми, но со цените се е можно . Се случуват работи во Европа , затврање на нуклеарните централи, проблемите со Русијa се уште се актуелни. Гасот е многу поскап. Сега почнаа да се прават ремонти, барем наите капацитети мксимално да ги искористеме. Меѓутоа тие не се доволни за целата индустрија, туку само за граѓаните и малите микро компании„ изјави Ангел Димитров од Организција на работодавачи.

Изминатиот период Македонија ја зафати фотоволтаична треска, а мека за искористување на обновливите извори на енергија се Штип и Свети Николе. Во Свети Николе 30компании  имат изградено централи, а во Штип во моментот има дури 40нови постапки за добивање на дозвола за изградб  на фотоволтаични централи. 

Александра Ристеска