Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Однесено со ветрот: Ден по силната бура Скопје полека се опоравува, се санираат и бројат штетите

За само неколку минутии Скопјани доживеаа апокалиптични сцени несвојствени за овој дел…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За само неколку минутии Скопјани доживеаа апокалиптични сцени несвојствени за овој дел од светот. Откорнати кровови, градежен шут леташе низ воздух, уништени возила, откорнати дрвја, паднати гранки и најмалку 30-тина полесно повредени граѓани. Ветрот кој достиган и до 130 километри на час остави пустош зад себе. Настрадаа и клучни објекти – делумно е оштетена е болницата „8 Септември„, стара воена, прокисна и аеродромот во петровец, оштетен е и објектот на базенот во Капрош, претседателската „Вила Водно„, неколку министерства кои се наоѓаат во зградата на „Нова македонија„, повеќе од десетина згради, но и некои училишта останаа без кровови. За среќа нема жртви. Повеќето од 30-те луѓе кои побарале медицинска помош, се главно полесно повредени, и тоа главно од паднати гранки. Бројот 112 на центарот за управување со кризи буквално изгоре – регистрирани се над 9 илјади повици.

Граѓанка 1:

„Целиот кров го крена нагоре и падна од другата страна. Сите тие немаат кровови. Овие, руските, се доста оштетени – салонитките, има дупки…“

Реклама

Граѓанин 2:

„Ја седев на тераса и овде од кровот, цела колку една кола, цел блок падна тука во Врдардац. Сега, прееска…“

Граѓанин 3:

„Преголема штета се направи. Што јас, еве, сум 73–4 години, не памтам вакво време.“

Граѓанка 4:

„Само што дојдов дома, значи почна нешто да се случува… викам: ‘Што е ова, торнадо ли е?’ Таа партерлита ја покриле, таа кровови…

Ден по силната бура,  Скопје полека се опоравува. Се расчистуваат улиците, се тргаат паднатите дрвја, се крееваат лимовите и останатиот шут, но се бројат и штетите. Градоначалниците на скопските општини, ја минаа цела ноќ на терен. Сите улици се проодни, и речиси сите тротоари се веќе проодни. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓеоргиевски вели дека штетите се скоро санирани, а од градоначалниците ќе побара нивните градежни инспектори да излезат на терен и да утврдат зошто толку голем број кровови се откорнати од реновирани објекти.

„Најголем дел од пријавите се однесуваат на кровови оштетени, кровни конструкции, каде што ќе треба и да се утврди состојбата кој е изведувач – и тоа е една од точките коишто ќе ја разговараме денеска со моите колеги градоначалници – да нивните градежни инспекции (јас апелирав до нив уште во текот на вчерашниот ден) да утврдат кој е тој изведувач којшто работел на одредени позиции“, изјави Орце Ѓорѓиески, скопскиот градоначалник.

Не настрадаа само објекти. Голем дел од скопјани останаа и без своите возила, откако цели дрвја беа откорнати и паднаа врз нивните автомобили. Паднатите гранки од дрвјата и останатиот шут кој ветрот го крена во воздух се главните причини за повредите. Дваесет и двајца, од вкупно 30-тината повредени побарале помош во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски” во Скопје. Двајца од нив, според директорот, биле примени на болничко лекување, додека другите се со полесни повреди и пушетни дома.

Во однос на штетите, градоначалникот вели дека тие брзо ќе бидат санирани, а граѓаните ќе бидат обештетени.

„Во однос на штетите, доколку општините – бидејќи општините се ресорни оние коишто би требало да помогнат во вакви случаи – доколку, ете, нивните капацитети се помали, ќе се вклучиме и ние во помош и поддршка за граѓаните“, додаде градоначалникот.

Бурата која удри врз Скопје е многу редок феномен за овој регион. Вакво силно невреме не е забележано во последниве десетина години.