Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Обилен дожд во Куманово, по намалување на интензитетот се расчистуваат улиците

По обилните врнежи од дожд што попладнево го зафатија Куманово, екипите на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По обилните врнежи од дожд што попладнево го зафатија Куманово, екипите на јавните претпријатија и фирмите изведувачи се на терен и работат на расчистување на наносите, чистење на шахтите и каналетите, информираше градоначалникот Максим Димитриевски. Во известувањето се наведува дека веднаш по намалувањето на интензитетот на дождот започнало расчистување на чакалот и песокот од улиците, а по завршување на овие активности ќе следува темелно чистење на сообраќајниците и санирање на погодените градилишта.

Куманово попладнево беше зафатено од обилни врнежи од дожд кој во одреден период беше проследен со грмежи. Од Општина Куманово ги повикаа граѓаните чии домови се поплавени да се обратат за помош при испумпување на водата на телефонскиот број 193 на Територијалната противпожарна единица Куманово.

Општината соопшти дека внимателно ја следи состојбата и останува на располагање на граѓаните. На локациите каде што дошло до излевање на фекална канализација, вечерва ЈП „Чистота и зеленило“ ќе спроведе миење на улиците и нивна дезинфекција. Кумановци укажуваат дека со години се јавуваат исти проблеми на неколку локации во градот, при обилни врнежи, особено онаму каде што има недостаток на атмосферска канализација.