Реклама

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Македонија

Обвинителството располага со цврсти докази за сопружниците за убиството на лекарот Ацо Трпкоски, мотивот ќе се истражува дополнително

Обвинителката Елена Жакула во изјава за медиумите информира дека Обвинителството денеска ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Обвинителката Елена Жакула во изјава за медиумите информира дека Обвинителството денеска ќе поднесе предлог за определување мерка притвор за двајцата сопружници за убиството на лекарот Ацо Трпкоски, кој беше убиен на 21 март 2024 година во скопската населба Автокоманда.

– Обвинителството заедно со МВР спроведе предистражни дејства кои беа активни и се обидовме да го најдеме сторителот на ова кривично дело. По дополнителни сознанија во текот на изминатите месеци и по издадена дополнителна наредба од страна на јавниот обвинител, во координација со Единицата за насилен криминал, во текот на изминатата недела беше издадена наредба по која беа повикани лица. По нивното повикување во полиција, се добија некои дополнителни сознанија, кои го подигнаа степенот на основано сомневање дека токму овие осомничени за кои Обвинителството денеска ќе поднесе предлог за определување мерка притвор се лицата што го сториле ова кривично дело. Се работи за двајца сопружници. За осомничената Обвинителството ќе поднесе предлог за определување мерка притвор за кривично дело убиство од член 123 став 1, односно за помагање во извршување ова кривично дело. А за лицето кое е нејзин сопружник за кривично дело убиство од член 123 од Казнениот законик. Ова е сè што досега можам да споделам со јавноста – рече Жакула.

Во однос на мотивот за убиството на лекарот, обвинителката само истакна дека располагаат со цврсти докази за кои дополнително ќе известат.

Реклама

– Мотивот ќе го истражуваме дополнително. Во оваа фаза можам само ова да ви го кажам дека сега за сега располагаме со цврсти докази, а дополнително ќе бидете известени за мотивот – нагласи обвинителката Жакула.