Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Обвинителството поведе истрага, АХВ со вонредни контроли на водата во водоводот во Гостивар

Исправноста на водата за пиење во градскиот водовод во Гостивар се проверува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Исправноста на водата за пиење во градскиот водовод во Гостивар се проверува со вонредни контроли за да утврди дали има поврзаност со зголемениот број пациенти со дигестивни проблеми. Во меѓувреме, од ОЈО на новинарско прашање одговорија дека за незаконска интервенција во водоводната мрежа, по наредба на јавен обвинител, се преземаат дејства по поднесена пријава во однос на квалитетот на водата за пиење.

По појавата на зголемен број граѓани, кои изминативе десетина дена се жалеа стомачни тегоби, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) побара да се спроведат вонредни контроли на водата за пиење, која се дистрибуира во градскиот водовод. Од одделението за хигиена и здравствена екологија при центарот за Јавно здравје, ПЕ Гостивар, потврдија дека вчера е спроведена вонредна контрола и дека се земени примероци од четири мерни места.

Што се однесува до водата и поради ситуацијата, покрај редовните, направивме и вонредни анализи. Последните резултати од анализите што ги направивме од понеделникот беа добри, односно физичко-хемиски и микробиолошки беа во ред. Вчера зедовме уште некои вонредни анализи, меѓутоа за нивните резултати треба да почекаме до утре или евентуално до понеделник. Така што, во моментот не можеме ништо конкретно да кажеме за нив, изјави д-р Берун Мустафа, специјалист по хигиена од Центарот за јавно здравје Гостивар, за МИА.

Реклама

Од Општата болница „Ферид Мурад“ потврдија дека во инфективното и во детското одделение има зголемен број прегледи и граѓани што се жалат на дијареја, болки во стомакот, повраќање и покачена температура. Според првичните наоди и клиничката слика, најверојатно се работи за сезонски вирози и дека нема епидемиолошка поврзаност.

Лекарите препорачуваат да се води повеќе сметка за хигиената и за навиките, особено во летниот период кога температурите се високи, а ризикот од стомачни инфекции значително е зголемен.

– Луѓето, сепак, треба да бидат претпазливи поради зголемениот број цревни заболувања како со водата така и со храната. Пред сè, не треба да земаат храна што може да предизвика вакви заболувања, како што е термички неподготвената храна. Храната и продуктите треба да бидат свежи. Исто така, овошјето и зеленчукот треба добро да се измијат пред употреба. И, се разбира, водата да се користи од места каде што сметаат дека е сигурна – препорачува д-р Мустафа.

Последните три анализи на водата од гостиварскиот водовод, направени изминатиот месец во одделението за хигиена и здравствена екологија при Центарот за јавно здравје, покажуваат дека таа била здрава и безбедна за употреба.