Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Економија

Обвинителството отвори предмет за надзорот врз коридорите 8 и 10д

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ќе ги истражува фирмите избрани…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ќе ги истражува фирмите избрани за надзор на коридорите 8 и 10д. По низата скандали во јавноста за изборот на фирмите кои ќе го вршат надзорот, обвинителството отвори предмет по допрен глас.

„ Предметот е распореден кај надлежен јавен обвинител, кој презема дејствија и ќе изврши проверки, по што ќе донесе јавнообвинителска одлука за понатамошниот тек на постапката“, велат од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, соопштија од Обвинителството.

Оваа одлука од обвинителството доаѓа откако речиси еден месец  надзорот не престанаа да го „тресат “ скандали, а од Владата тврдеа се е по закон.

Реклама

 22 ,3 милиони евра се обврза Владата да плати на тројката која ќе го врши надзорот повикувајќи се на тоа дека ангажирале меѓународни експерти, кои подоцна испадна дека во најголем дел се домашни. Петмината експерти според договорот треба да добијат паушали од по 300.000 евра, а пак надзорните инжењери дури по 20 илјади евра меечен хонорар.

Најмногу сомнежи дали се правилно избрани се појавија околу домашните компании „ Електра Солушнс “ и „ Евро консалтинг“ . И опозицијата и медиумите алармираа дека  „ Евро консалтинг“ е во сопственост на Бранимир Димитриевиќ, кој е баран со потерница за криминал при надзор во Ерменија.

За другата домашна компанија „ Електра Солушнс“ , која ќе добие и најголем дел од 22 милионскиот колач обвинувањата се дека е нема доволно искуство во областа , односно дека дури минатата година влегла во градежни работи, а до сега никогаш не вршела надзор. Најголемото искуство во работењето го стекнала со производство на долна облека.  Лиценцата за вршење надзор ја добива кратко време по распишување на огласот.

За изборот на фирмите на надзор, предмет отвори и Антикорупциската комисија

Инаку, проектот тежок над 1.3 милијарди евра беше доделен на американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“.

Кристина Алексиеска