Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Обвинителството отвори истрага за убиство на жена во атарот на селото Летевци, побаран притвор за сопругот

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 51-годишен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 51-годишен маж, осомничен за кривичното дело убиство, извршено при семејно насилство, и побара да му биде определен притвор.

Според Обвинителството, постои основано сомнение дека на 25 јуни, во атарот на селото Летевци, при вршење семејно насилство, тој со умисла ја лишил од живот неговата сопруга.

-Осомничениот вечерта со автомобил ја зел жената од нејзиното работно место, ја однел во тешко пристапен терен каде физички ја нападнал. Со дел од неговото тело силно ја притиснал на вратот, а истовремено и ги држел затворени устата и носот за да не може да дише. Жртвата пружала отпор и се бранела, но не успеала да се оттргне и се задушила и починала на лице место. Осомничениот го скрил нејзиното тело под гранки помеѓу дрвја, а утредента во полиција пријавил дека неговата сопруга е исчезната, соопшти Обвинителството.

Реклама

На 27 јуни, како што се наведува во соопштението, на тројца познаници им кажал дека знае каде се наоѓа жената, бидејќи му се појавила во сон и му кажала каде да оди за да ја спаси. Сите со возило се упатиле кон локацијата каде го забележале телото на жената и пријавиле во полиција.

Јавниот обвинител оценил дека во конкретниот случај постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност осомничениот да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците, како и околности кои го оправдуваат стравот дека тој би можел да стори ново кривично дело.

Во прилог на ова, Обвинителството особено го имало предвид видот и тежината на кривичното дело, како и начинот на неговото извршување кој вклучува претходен период на планирање, но и временски период по настанот во кој осомничениот го прикривал телото на оштетената, истовремено создавајќи привидна слика на загрижен сопруг кој активно учествува во нејзиното барање и обидувајќи се да си создаде алиби за да избегне кривичен прогон. Од тие причини, јавниот обвинител до судијата за претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор.