Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Економија

Нов модел за субвенциии во земјоделството

Земјоделците не ќе може да ја земаат целата субвенција како до сега…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Земјоделците не ќе може да ја земаат целата субвенција како до сега наеднаш, туку, првиот дел ќе се исплаќа авансно, на основа на сопственост на земјиште, а остатокот откако земјоделците ќе докажат дека произвеле и продале стратешки производ на лиценцирани трговци. Ова е новиот модел што го презентираше министерот Љупчо Николовски, а треба да почне да се применува од идната година. Кои се тие стратешки култури, министерството допрва ќе специфицира, веројатно тоа ќе бидат оние од клучен интерес за државата.  Во пракса ова би значело дека  ако има субвенции од 40.000 по хектар кај лозарзството на пример,  12 илјади денари ќе се исплатат авансно, а за останатите 28.000 лозарот ќе мора да докаже дека има продадено производство.  Николовски уверува дека ваквиот модел нема да доведе до кратење на финансиски средства, а ќе се елиминирала сивата економија.

Новиот модел треба да биде побрза исплата и земјоделците навремено да ги имаат парите за да почнат ново производство.Темелот на овој модел е авансната исплата на субвенциите односно 30 отсто од вкупните субвенции земјоделците ќе ги добијат и пред да бидат завршени административните  контроли во Платежната агенција,  односно со самото пријавување тие ќе добијат 30 отсто субвенции за да го почнат производството. Целта е да постигнеме и поголема контрола на користење на овие средства, рече Николовски.

Според Николовски годинава се зголемило двојно производството на сончоглед а со пролетната сеидба биле опфатени околу 6.000 хектари површина. Министерот вели дека ова се должи на субвенциите кои ги дале по површина сончоглед.

Реклама

Политиките кои се воведоа на почетокот на годината во делот на сончогледот се и еден од примерите и фундаменти токму нa овој концепт што денеска го зборуваме, каде што субвенциите по површина сончоглед, вкупните субвенции, фармерите, производителите може да ги добијат доколку го предадат кај регистрирани преработувачи. Целта е да финансираме сончоглед кој ќе служи како суровина за масло зa јадење, а ќе ги користиме и капацитетите на нашите домашни преработувачи кои имаат капацитет и кои увезуваат, рече Николовски

Новиот модел на субвенционирање треба да е готов до крајот на годинава и да стартува од први јануари 2023 година, а според министерот требало да го стимулира домашното производство. Во меѓувреме, доколку поради економската и енергетската криза се соочиме со недостиг, помош ќе ни стигне од Србија или од Албанија во рамки на Договорот за обезбеденост на храна со земјите од отворен Балкан на база на реципроцитет.

Кристина Алексиеска