Реклама
Економија

Нов медијатор ќе се обиде да ги смири УЈП и владата

Барањето за почитување на колективниот договор и најавениот генерален штрајк за повисоки…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Барањето за почитување на колективниот договор и најавениот генерален штрајк за повисоки плати остануваат во игра. Преговорите Синдикат на УЈП – влада се пролонгираа за неколку дена. Синдикатот денес ќе предложи нов помирувач, откако професор Лазар Јовески кој беше назначен, не можеше да го запази законскиот рок од три дена бидејќи не е во Македонија.

  • „Ние во текот на денот ќе треба да понудиме друг помитувач бидејќи во сите наши заложби ние бараме законито постпаување од другата страна, па редот е и ние да постапиме согласно закон, да го поминеме периодот на евентуално помирување и постигнување договор, а во спротивно, активностите на вработените остануваат да се спроведуваат дел по дел“ – Вели Неданоски.

Од владата порачаа дека епилогот го гледаат во системско решение. И оттаму и од синдикатотот гледаат со оптимизам на процесот на преговори, затоа што ако помирувањето не успее и дојде до штрајк на вработените во УЈП, ќе има далекусежни последици по функционирањето на државата и бизнис секторот.

  • „Ќе значи неможност да се и спроведат исплати на плати, пензии и други исплати преку ЕПД системот кон физички лица, остварување права на бизнис секторот, прибавување документација, поврат на данок, потребна документација за јавни набавки, за учество, за да нудат свои работни активности, сегде онаму каде што им треба потврда уверение за нивна состојба за остварување право пред други институции исто ќе бидат во неможност да ја земат.“ – Појаснува Неданоски.

Ова следи откако нивните колеги од министерството за финансии добија плати повисоки за 30%, а министерот ја правдаше одлуката со автентичното толкување на законот во собрание. Од синдикатот сметаат дека законските регулативите се на нивна страна и оти сите 1100 вработени во УЈП имаат право на тужба по две основи, односно безмалку 2200 тужби. Ситуација до која се надеваат дека нема да дојде.

Реклама

Никола Цветкоски