Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Ново странско финансирање до крајот на годинава, веќе се прибираат понудите

Ново финансирање од странство ќе се реализира до крајот на годината, но…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ново финансирање од странство ќе се реализира до крајот на годината, но не пред септември, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. За колкава сума станува збор, се уште не се знае, а понуди веќе се прибираат и ќе се избере најповолната.

Причината за странското финансирање, објасни Димитриеска-Кочоска, е за да се намали притисокот врз некои од домашните банки.

-Се што е планирано, ќе се реализира. Единствената промена е во тоа што еден дел од финансирањето планирано на домашниот пазар, сега, со ребалансот го менуваме со странско финансирање, за да го намалиме притисокот на домашните банки. Состојбата со Блискиот Исток кај одредени банки направи да има поголеми притисоци во однос на ликвидноста. Сметаме дека ние како држава треба во тој дел барем малку да ги растовариме, а имајќи предвид дека и цените на нафтата и нафтените деривати беа повиски, ги плаќаме во девизи, подобро е да имаме девизен прилив. Прибираме понуди, ќе видиме која ќе биде најповолна. Не сме одлучиле уште колкава ќе биде сумата. Средства се предвидени со ребалнсот, но ќе видиме согласно ликвидноста на Буџетот, како се полни. Да причекаме, да видиме како ќе се одвиваат работите и согласно тоа ќе ги планираме задожувањата, но секако нема да бидат пред септември, истакна министерката, одговорајќи на новинарски прашања по отчетот за сработеното во изминатите две години.