Реклама

Префрлена нова транша од унгарскиот кредит, досега пласирани 242 милиони евра

Хаосот со кравите во Крива Паланка ја премина секоја граница, ВМРО-ДПМНЕ му нуди готов акциски план на градоначалникот Митовски

Последниот бугарски цар „политички некоректен“ кон Радев: Местото на Македонија е во ЕУ, историјата да се остави на историчарите

Пензиите, игрите на среќа и наплатата на даноци во фокусот на пратеничките прашања

Цанов објави нови пораки од Ива Михајлова: „Сите ќе умреме уште вечерва“ – барала да го повлече видеото за наводните притисоци од ДАНС

Владата ќе ги модернизира патарините, дигитализацијата и вештачката интелегенција треба да бидат во функција на побрзо патување

На повидок раскол во ДУИ: Груби и Османи, преку свои верни пиони влегоа во отворен судир за превласт

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

Македонија

Ниските цени и задоцнетите субвенции ќе ги извадат туттунарите на улица

   Селективната исплата на и онака веќе два месеци задоцнетите субвенции во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

   Селективната исплата на и онака веќе два месеци задоцнетите субвенции во услови на енормно поскапување на сите животни трошоци, а која е во тек, повторно ги вознемири македонските тутунопроизводители. Велат, со часови чекаат пред банка, а излегуваат без пари. Стравуваат дека со секој нов ден нивните пари се’ повеќе се обезвреднуваат.

    „Скапијата е голема, едно шише масло, едно кило тутун и плус чекаме овде…не знаеме дали се пуштени субвенциите или не. На милост и немилост чекаме овде по вративе“, кажа еден тутунар.

  „Чекаме овдека, а не знаеме зошто чекаме. Чекаме овде со саати, а никој не не’ информира дали има пари или нема. Значи, срамота е, на оваа жештина да се малтретира народот, значи срамота е.. Се’ се покачи, овие пари ништо не значат, бадијала и работа и се’“, – објаснува друг тутнопроизводител.

Реклама

 „Се троши, се иди од селава, се чека ред, а не знаеме дали има или нема. Никој не излегува да не’ информира, да рече – луѓе не чекајте, одете или чекајте – ќе има“, – посочува трет тутунар.

  Тутунарите се жалат дека во последните две години имале катастрофално лоши услови за производство, катастрофални откупни цени, а следствено на тоа и катастрофални учиноци. Велат скапијата им ги изела парите уште не земени, а додека власта упорно се дистанцирала од се’ побројните проблеми во земјоделството. A сомнителен им е и начинот на исплата на субвенциите.

  „Штом се случува по одредени монополи, по одредени откупни претпријатија да се делат субвенциите, јас чисто се сомневам дека субвенциите, оваа година како и претходната, ни ги исплаќаат самите откупувачи од парите кои што за време на откупот буквално ги украдоа од нас тутунарите…Од она што го гледам, мислам дека некаде околу 3-4 проценти тутунари можно е да имаат земено субвенции, сите други се само изманипулирани и честото одење на банка, тоа го потврдува“, – изјави Васко Јосифовски, претседател на ТЗ „Тутунска надеж“.

    Заради сите овие причини, тутунарите дадоа подддршка, а упатија и апел за масовно приклучување на сите земјоделци на престојниот протест кој треба да се одржи на 18-ти, месецов, со цел промена на власта, бидејќи според нив, таа се откажала од земјоделците.

    Инаку, исплатата на субвенциите, конечно започна на средината од минатата недела и според најавите од Платежната агенција истата треба да заврши за десетина дена.

Каролина Дурло