Реклама

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Македонија

Николоски: Со новата карго-железничка обиколница во Скопје добиваме еколошки бенефит, но и забрзување на Коридорот 10

Во рекордно време се заврши карго-обиколницата во Скопје, со што товарните возови…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рекордно време се заврши карго-обиколницата во Скопје, со што товарните возови веќе нема да минуваат низ центарот на градот. Тоа значи две работи – прво, еколошки е одлично, второ, ќе значи кратење на времето, а на тој начин ќе ја направи Македонија уште поатрактивна за карго-сообраќај – изјави вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски при денешната работна посета во Гевгелија.

Пругата од Илинден до Драчево, како што нагласи, ќе значи многу и за забрзувањето на Коридорот 10.

– Прво, ќе значи многу од еколошки аспект. Јас видов многу коментари вчера дека и досега карго-возовите не влегувале во Скопје. Тоа е делумно, односно многу неточно. Со тоа што, некаде пред 30-40 години, кога првпат била иградена оваа обиколница, тоа било така, но со девастирањето што СДСМ го направи со неколку нивни влади на државата, за жал, овој коридор не се користеше. Ние решивме и се зафативме целосно да го реконструираме заедно со ЈП „Железници и инфраструктура“ и му се заблагодарувам на директорот Синиша Ивановски, како и на неговиот тим, така што во рекордно време се заврши карго-обиколницата во Скопје, со што товарните возови веќе нема да минуваат низ центарот на градот. Тоа значи две работи – прво, еколошки е одлично, второ, ќе значи кратење на времето, а на тој начин ќе ја направи Македонија уште поатрактивна за карго-сообраќај – нагласи Николоски.        

Реклама

Според него, тоа е добро и за Гевгелија бидејќи оттука минува Коридорот 10.

– Уште еден проект, кој заеднички го сработивме, многу ќе помогне за Гевгелија, а тоа е дека воведовме one stop shop на железничката станица меѓу Македонија и Грција, што значи дека карго-возовите веќе не треба двапати да застануваат кога железнички доаѓаат наваму, туку имаат само едно застанување. Во моментот работиме на зеднички железнички граничен премин и со Србија, што дополнително ќе го забрза транспортот. Тука и е нашиот најголем проект за брза пруга, таму одлично оди подготовката на документација и очекувам во текот на летото сите документи да бидат завршени – додаде Николоски.

Според вицепремиерот, реализацијата и на овој проект се очекува да биде во предвидениот рок.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: