Реклама

Тошковски и Дачиќ од Табановце ја промовираа кампањата „Вози одморен“

Мицкоски најави период на резултати, со реконструкцијата владината коалиција се проширува со Демократската партија на Турците

Малолетниците симнати од тротинетите – почна да функционира новиот закон за електричните тротинети

Експерти за реконструкцијата: Владината ротација носи стабилност и нова енергија

Почнува изградбата на „Лидл“ во Струмица

Нова опрема и технологија на аеродромот во Скопје – побрзи контроли и поголема безбедност на патниците

Мобилните телефони се почесто ги заменуваат картичките и готовината

Блокада на Изборниот законик: ВМРО-ДПМНЕ ги прифати сите барања на СДСМ и Левица, но не се откажува од дијаспората

Мицкоски: Реконструкцијата на Владата е со цел да има нова енергија за нов импулс, за уште повеќе работа, новата енергија е ново забрзување

Изборниот законик останува заглавен во собраниските лавиринти

Коцка ќе се фрла подалеку од училиштата, нема веќе агресивни светлечки реклами: стапува на сила новиот закон

Фактура по фактура, цена по цена – се чешла работата на маркетите, нема да се дозволи богатење на грбот на граѓаните

Македонија

Николоски: Со „Лидл“ македонските земјоделски производи добиваат извоз на европскиот пазар

Работењето на „Лидл“ во Македонија ќе значи мапирање на државата, подобрување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Работењето на „Лидл“ во Македонија ќе значи мапирање на државата, подобрување на бизнис-климата, но и нови искуства во малопродажбата. Најголем бенефит од инвестицијата на „Лидл“ ќе имаат домашните земјоделци – истакна денеска заменик-претседателот на Владата, Александар Николоски, на поставувањето камен-темелник на новиот маркет на „Лидл“ во Струмица. 

Додаде дека доаѓањето на „Лидл“ значи многу за државата и за целиот регион.

– Тоа многу значи за државата, за мапирање на државата, многу значи и за бизнис-климата. И драго ми е што можеме да дадеме поддршка и да овозможиме да се реализираат инвестиции, кои се некаде околу 200 милиони евра планирани во државата, што е огромна работа. Ние се бориме за секоја инвестиција, за секое евро, за секое работно место, 200 милиони евра за економија како нашата, како македонската, е огромна работа и навистина сме благодарни на таа работа и сакаме максимално да ја поддржиме – истакна Николоски.

Реклама

Тој потенцира дека од оваа инвестиција најголем бенефит ќе имаат земјоделците токму од Струмичко. 

– Убеден сум дека „Лидл Македонија“, но и пошироко, ќе ги препознае и најдобрите производи од Струмица и од Струмичко. Најубавите раноградинарски производи се произведуваат токму тука. И убеден сум дека многубројни производи од Струмичкото Поле ќе се најдат на трпезите на многу луѓе не само во Македонија туку и во целиот регион. Знам дека веќе „Лидл“ прави извоз и сакам да се заблагодарам за тоа. Многу значи за земјоделците, ова е земјоделски крај и ова е крај каде што се заработува со мака, со пот, се почнува да се работи многу рано наутро. И луѓето знаат да го ценат трудот и затоа сум благодарен што успевате да најдете пласман за нивните производи и сериозно да влијаете на подобрување на цената на производите, така што благодарам многу за таа работа – рече заменик-претседателот Николоски. 

Градоначалникот на Струмица, Петар Јанков, истакна дека со поставувањето на овој камен-темелник на новиот маркет „Лидл“ се испраќа јасна порака дека Струмица и целиот регион се привлечни места не само за домашните туку и за странските инвеститори.

– Овој проект не значи само нови работни места, значи подобра конкурентност и подобра понуда на пазарот. Соработката на локалната со централната власт заедно со бизнис-секторот значи подобар економски развој за нашиот крај. Како локална самоуправа остануваме посветени за создавање поволна бизнис-клима и поддршка како за домашните така и за странските инвеститори – рече Јанков.

Оперативниот директор на „Лидл“, Рубријан Хаџиев, истакна дека поставувањето камен-темелник на Струмица е важен дел од нивниот инвестициски план во Македонија.

– Од почетокот на нашето работење до денес „Лидл“ вложи над 200 милиони евра во нова инфраструктура во целата земја. Наша цел е да им понудиме на нашите купувачи врвен квалитет и достапност каде и да се наоѓаат – рече Хаџиев.

Инаку, маркетот „Лидл“ во Струмица ќе се простира на површина од 2.445 квадратни метри со 20 отсто зелена површина и 111 паркинг-места.