Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Николоски: Инвестираме над 165 милиони денари за нови улици во Гевгелија, со Општината ќе работиме на изградба на нов влез во градот

Завршивме неколку големи проекти во Гевгелија, со што инфраструктурно градот доби нов…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Завршивме неколку големи проекти во Гевгелија, со што инфраструктурно градот доби нов лик, едно модерно место за живеење. Вкупно инвестираме над 165 милиони денари, поддршката од Владата за Гевгелија ќе продолжи и во таа насoка ќе работиме на изградба на нов влез во градот – најави заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски при денешната посета на Гевгелија.

Заедно со градоначалникот изврши увид во реконструкција на улицата Маршал Тито, инвестиција од 81 милион денари поддршка од Владата.

– Овој проект ќе му даде целосно нов лик на овој дел од градот, Ќе ја врати автентичноста, но исто така има и доста модерни елементи. Тоа што целокупната инсталација се решава и оди подземно и тоа што ќе има едно прекрасно осветление, кое навечер ќе му даде целосно нов дух на овој дел од градот, мислам дека целосно ќе го смени ликот. Toa ќе значи голема шанса и за околните жители нивните имоти да добијат вредност, а зошто тука да не да се отворат и угостителски објекти, во кои ќе може да доаѓаат и гости од државата, но и гости од странство, кои често знаат да ја посетат Гевгелија. Kако Влада и како Министерство за транспорт дадовме поддршка во реализација на овој проект во вкупна вредност од 81 милион денари – истакна Николоски.

Реклама

Тој најави и нов проект за општина Гевгелија. 

– Со градоначалникот пред некој ден разговаравме и за нов влез на градот, кој ќе го преземеме како обврска, т.е. Министерството за транспорт, еве можам и официјално да го најавам, така што ќе работиме заеднички за еден нов влез на градот – рече заменик-претседателот на Владата.

Николоски истакна дека досега Владата преку Министерството за транспорт во општина Гевгелија инвестира 165 милиони денари во инфраструктурата. 

– Покрај оваа улица, каде што сме во моментот, завршена е и изградбата на улицата Новопланирана во вредност од 2,4 милиони денари, како и изградба на парк со детско игралиште на улицата Деко Ковачев во вредност од 7,1 милиони денари. Завршени се и реконструкцијата и рехабилитацијата на дел од булеварот Гевгелија и на натпатникот на улицата Железничка, во првиот повик, во вредност од 17,7 милиони денари. Преку средства од Министерството за транспорт завршивме и реконструиравме улици во селото Моин, во селото Прдејци и во селото Богородица и завршен е западниот булевар фаза 3 со средства обезбедени од Министерството за транспорт, со поддршка на Светската банка, во вредност од 30,8 милиони денари – додаде Николоски.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: