Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Николоски: Во август јавни презентации на студиите за брзата пруга, изградбата почнува на крајот на годината

Одлично се одвива подготовката за изградба на брзата пруга на Коридорот 10,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Одлично се одвива подготовката за изградба на брзата пруга на Коридорот 10, следуваат јавни презентации за студиите по што и изработка на договорите за финансирање и за изведба и презентација на условите за финасирање пред Собранието – информира денеска вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. 

Тој потврди дека рокот за почеток на работите останува крајот на годината, како што изјави претходно премиерот Христијан Мицкоски. 

– Одлично се одвива подготовката за изградба на Коридорот 10. Изработката на еколошката студија и на студијата за влијание врз социјалната средина е готова. На почетокот на август ќе има јавни презентации, ќе има најмалку четири – во Скопје, Велес, Демир Капија и во Гевгелија, каде што ќе може локалното население да се запознае. Се работи навистина за квалитетен документ од речиси 1.600 страници, кој ги опфаќа сите аспекти. Потоа на него се прави ревизија, односно се вклучуваат коментарите на локалното население и во согласност со договорот што го имаме, до 31 август оваа работа треба да биде завршена по што би влегле во конкретизирање и пишување на договорите за финансирање на проектот и за изведба на проектот. Сè е според планот како што најавив – изјави Николоски на новинарско прашање при посетата на општина Кисела Вода. 

Реклама

Прашан за детали за финасирањето, укажа дека во согласност со домашните закони условите ќе бидат јавно презентирани во Собранието и оти дотогаш не може да се споделуваат со јавноста.