Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Економија

Немањето работна сила – Главен проблем за прилепските фирми, не очекуваат промени на подобро во 2023 год.

Недостатокот на квалификувана работна сила, високите цени на енергенсите, големата инфлација се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Недостатокот на квалификувана работна сила, високите цени на енергенсите, големата инфлација се најголемите проблеми со кои во 2022-та се соочија прилепските фирми, а кои според нивните очекувања, ќе се прелеат и во 2023-та.

  „Сепак, треба да си го цениме она што го поседуваме како капитал. Македонското стопанство, и покрај специфичните три години, потврди дека е доволно стабилно и цврсто да се носи со сите предизвици“, посочи Јакимоска.

Според претседателката на Регионалната стопанска комора од Прилеп, Ирена Јакимоска, најголемите предизвици ќе бидат во првата половина од новата година година, а веќе во втората половина очекува закрепнување на економијата, па дури и можно зголемување на минималната плата поради енормните поскапувања.

Реклама

  „Ставот на стопанството е дека ние мора да најдеме начин за зголемување на животниот стандард на нашите вработени и на нашата популација се’ со цел за да можат останат да живеат тука“, кажа Јакимоска.

И покрај сите предизвици со кои се соочуваат и слабата поддршка од државата, прилепските компании успеваат да се изборат со кризата, па дури и да го зголемат бројот на вработени. „Ова можеби звучи парадоксално, но ние сме жилави и не се предаваме“ вели Јакимоска.

   „Зголемувањето на вработувањата се должи заради тоа што македонските извозно-ориентирани компании во овој временски период се соочуваат со позитивен тренд на европските пазари и се едни од поклучните добавувачи во тој систем на добавувачи во Европа и сметам дека е сега баш сериозно, вистинско време каде што можеме да се сконцентрираме на техничко-технолошки раст се’ со цел за да можеме да ја задржиме нашата конкурентска вредност и за да ги задржиме пазарите во Европа“, објаснува Ирена Јакимоска, претседателка на РСК-Прилеп.     

И покрај се прилепските бизнимени остануваат оптимисти, се надеваат дека новата 2023-та ќе биде подобра од 2022-та година.

Каролина Дурло