Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Економија

Неизвесно дали и каде ќе почне изградбата на коридор 8

Над 7 илјади странски работници ќе ги градат патиштата во Македонија во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Над 7 илјади странски работници ќе ги градат патиштата во Македонија во следните пет години.  Потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ Александар Николовски , објави документи кои како што тврди се дел од договорот со  „ Бехтел и Енка“. Само годинава ќе бидат ангажирани 489 странски работници, а домашни 222 , па до година ќе работат дури 1716 странски работници, а само 779 домашни Овие работници ќе можат да почнат со работа само што ќе стапнат на македонско тло без дозволи за работа и престој

Огромна бројка, огромни средства ќе се одлеат надвор во услови на немаштија. Од  вкупниот број работници само 30 отсто ќе бидат домашни, а дури 70 отсто странци. Што значи дека 70 отсто од парите што македонските граѓани ќе ги дадат за изградбата на автопатот ќе одат надвор од државата. Наместо да се вработуваат домашни луѓе, Македонија ќе вработува странци!  Притоа Ковачевски и Груби лажат дека најмалку 51 процент ќе бидат домашни работници иако јасно може да се види дека 70 отсто ќе бидат странци, напиша Николовски.

Од Владеачката СДСМ не негираат дека бројката на странски работници ќе надмине над 51 отсто. Тие во реакција на објавите на Николовски се повикаа на законот кој предвидувал дека ако дома нема доволно ресурси, може да се ангажираат и над 51 отсто странски работници.
Проекциите со кои се обидува да спинува Николоски секогаш зависат од расположливите ресурси, но Законот е јасен. Тоа значи дека ако нашата земја има доволно локални ресурси односно работна сила, бројот на локално ангажираните ресурси може да биде и поголем од 51%
, реагираат од СДСМ.

Реклама

Утре ќе почнат да се подготвуваат камповите во кои ќе биле сместени работниците, како дел од активностите за старт на изградбата,  информираа од Министерството за транспорт и врски,  а каде ќе почнат со работа никој не знае. Владата упорно крие која е првата точка каде ќе започнат градежните активности, а од транспорт и врски открија дека утре покрај подготовка на камповите ќе се подготвувале за експропријација и само ќе имало геотедски мерења.

Старот на изградбата на коридорите ќе почне со бројни неразјаснети дилеми и скандали кои се поврзуваат со потпишаниот договор.  Никој се уште и не знае како точно ќе се одвиваат работите оти Владата го крие договорот од јавноста . 400 –те страни, вредни 1.3 милијарди евра народни пари ќе биле презентирани само пред пратениците со безбедносен сертификат на посебна седница,  но сеуште нема информација кога тоа ќе се случи.  Инаку, изградбата на коридорот 10 д треба да започне на 12-ти мај. Вредноста на целиот договор заедно со парите за експропријација е 1.6 милијарди евра, но со оглед на тоа дека нема проект , многу е веројатно дека оваа сума ќе чини многу повеќе .  Од друга страна плус 22,6 милиони евра ќе бидат потрошени за надзор на изградбата, кои ќе го вршат сомнителни фирми, за што предмет отвори и обвинителството и антикорупциска.

Кристина Алексиеска