Реклама

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

Економија

На работ на кворум, пратениците го изгласаа предлог законот според желбите на „Бехтел и Енка“

Во петокот стигнаа, денеска го поминаа првиот собраниски филтер. Со тенко мнозинство…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во петокот стигнаа, денеска го поминаа првиот собраниски филтер. Со тенко мнозинство и покрај бурните реакции, Собранието експресно ги помина во прва фаза 8 те од девет предлог закони врзани за  изградба на коридорите 8 и 10 д. Власта опстои на планот и покрај бурните реакции во јавноста дека проектот со Бехтел и Енка носи повеќе проблем отколку бенефит за државата. На ова предупреди и опозициската ВМРО ДПМНЕ која уште во самиот старт ја напушти седницата со барање за широка дебата и најава за суштински амандмани.

Реклама

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да даде поддршка и затоа ќе ја напушти седницата и ќе имаме суштински амандмани по кои што ќе се дебатира и за кои што ќе бара слух од јавноста, рече Никола Мицевски кооординатор на пратеничка група на ВМРО – ДПМНЕ

Власта не ја предмисли ниту фактот дека и во владината коалиција има претставници кои се против предлогот. Петмина претставници на помалите коалициони партнери гласаа против или воздржано.

Нема дилема дека овие инфраструктурни проекти се потребни, во интерес на граѓаните и на државата, но, вака не се носат измени, потребна е широка дебата, рече Маја Морачанин од ДОМ

Сепак не беа слушнати барањата  и предлозите се селат на комисиска расправа Од власта се правдаа  дека ниту бегаат ниту пак некогаш бегале од дебата .

 Ниту бегаме од дебата, ниту сакаме нешто набрзина да биде донесено. Само ги гледаме проблемите кои што се случуваа на терен, имајќи ги во предвид претходните инфраструктурни објекти кои што се градат низ државата, рече Јован Митрески кординатор на пратеничка група од СДСМ.

Широка дебата како што доликува за ваков голем проект побара и шефот на државата. Пендаровски својот конечен став ќе го каже кога ќе ја види конечната верзија на Законите но вели дека нема да даде виза ако решението е штетно за интересите на граѓаните:  

ТОНСКО Стево  Пендаровски – Претседател

Влегуваат во Собрание, опозицијата и власта, може и владеачкото мнозинство да предложи амандмани. Претседателот го гледа конечниот закон. Ако ги повредуваат правата на граѓаните, завлегуваат во правата натретилица, серазбира дека барем дел од тие закони нема да поминат, но да ги видиме во конечна верзија

Да не се носат Законите по скратена постапка побараа и антикорупционерите кои предупредија дека се уриваат постулатите на правната држава. Според антикорупционерите имплементацијата може да создаде дополнителни проблеми.

Во втора фаза, одат измените на законите за експропријација, земјоделски земјишта, урбанистичко планирање, минерални суровини, шуми, работни односи, градење и номинирање стратешки партнер за реализација на коридорите 8 и 10д, со што на изведувачот му се даваат огромни привилегии

Ако се усвојат измените Бехтел и Енка ќе бидат ослободени од ДДВ нема да плаќаат акциза за гориво и данок на моторни возила. Државата пак ќе плаќа за експропријација по пазарни цени дури и за нелегални објекти. Законот за работни односи предвидува озаконување на прекувремената работа подолго од осум часа во текот на една недела во период од три месеци кога станува збор за работи од национален и стратешки интерес за државата.  

Кристина Алексиеска