Струшките педијатри на работ на издливост, дневнo низ раце им поминуваат преку 100 дечиња од Струга, Ресен , Дебар и Охрид каде една година не работи одделот за детски болести и нема хоспитализации.
- ”Господ да ни е на помош со детското одделение во Струга,секој ден се’ повеќе пациети, а се помалку лекари, ова веќе не се издржува.Го молиме премиерот,министерот за здравство и директорите на општите болници Струга и Охрид да се најде решение”– струшкиот педијатар Вулнет Бектеши се огласи на социјалните мрежи и предизвика лавина реакции и кај родителите и кај колегите доктори.
- Дека ни е стварно зголемен обемот на работа,нон стоп сме на работа 5 души сме на детско, држиме цело детско одделение и неонатолошкиот оддел,меѓуоа тоа е тоа.До денешен ден одговорно тврдам дека ни едно дете што е упатено на нашево одделение не е вратени, за жал и без упат и во секое време се примаат децата, се прегледуваат рече Влатко Мицкоски-педијатар од Струга.
По Филипче кој на крајот од 2021-ва убедуваше дека доктори од Скопје ќе ротирале се додека не се најдело трајно решение и актуелниот Беким Сали откако е седнат во министерстаката фотеља три пати по ред им го вети истото и го извиси.
- Дека педијатри нема-нема, тоа е актуелно во нашава држава,тука се согласувам, меѓутоа тоа не е проблем сега од овој момент, тоа е проблем наназад 10 години кога не се мислеше да се пуштат соодветни кадри за специјализација. Не може двајца педијатри се во Охрид да држат нон стоп дежурства и нив ги сфаќам.24 часа секој втор ден да држиш дежурства,тоа е неиздржливо, кој сака да е вели Влатко Мицкоски-педијатар од Струга.
Последното ветување кое докторите го добиле е дека наводно после нова година на охридското детско одделение ќе ротирале 2-3 доктори од другите градови во внатрешноста, со цел да не намалел притисокот во струшка педијатрија.

Сите изгинавме,сите до еден и нема да биде подобро.Бидејќи знам како е во амбулантите, можам да замислам како е кај вас со болни деца и плус дежурства .Неиздржлива стана побарувачката на здравствени услуги и во поголемите градови,а не пак таму каде што опслужувате огромен регион .И покрај редиците во надворешната врата, секогаш сме примени-ова се само дел од коментарите на докторите и родителите кои можат да се прочитаат на социјалните мрежи.
Росица Голабоска
