Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Муцунски: Кога е во прашање дивоградба, не само во Охрид, треба да биде законски и соодветно отстранета

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски смета дека секоја дивоградба, не само…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски смета дека секоја дивоградба, не само оние во Охрид, треба да биде законски и соодветно отстранета. Тој е уверен, како што истакна денеска на прес-конференција, дека ваквиот став за дивоградбите го делат и другите членови на Владата.

– Тука има конкретни предмети што треба еден по еден да се решаваат и ова се прашања кои како надлежност до некоја мера се споделени и помеѓу централната и локалната власт. Ако мене ме прашувате како министер и како член на Владата, а верувам дека тоа е став на сите членови на Владата, кога е во прашање дивоградба каде било, не само во Охрид, таа треба да биде отстранета. И тоа треба да биде направено на соодветен и на законски начин, рече Муцунски, одговорајќи на новинарско прашање дали ќе се отстрануваат дивоградбите во Охрид.

Според него, одредени мерки се преземени последнава година.

Реклама

– Воспоставуваме јасен план. Добиваме долг период и можност, што сметам дека е голем успех, да отстраниме дел од овие состојби. Дел се прашања поврзани со урбанистичкото планирање и тоа е еден од значајните сегменти, но Владата ќе работи ангажирано на сите забелешки. Статусот на УНЕСКО треба да оди во паралелизам со туристичкиот, економскиот и социјалниот развој на целиот регион. Не треба, затоа што има статус УНЕСКО, да назадува целиот регион и за тоа има разбирање и во Париз и меѓу земјите членки на Комитетот, а институциите и локалната самоуправа ќе продолжат со работа – потенцира министерот.

Тој на прес-конференцијата во Владата информира дека Комитетот за светско наследство на УНЕСКО на годишната сесија, што се одржува во јужнокорејскиот град Бусан, донесе одлука да го одложи впишувањето на Охридскиот Регион на листата на светски културни и историски наследства во опасност.

-Има заклучоци од експертите на УНЕСКО, поврзани со повеќе прашања: урбанистичко планирање, заштита на животна средина,… Рамката за тоа што треба да се направи ни е јасна. Дел од одлуките се комплексни, за дел од прашањата разговаравме директно со земјите-членки на Комитетот и кај нив има разбирање дека статусот на УНЕСКО не треба да наштети на развојот на Охрид и Охридскиот регион и тука разговаравме за клучни инфраструктурни проекти – дел од Коридорот 8 поминува во дел од тој регион. Воспоставивме јасен план, имаме јасна меѓусебна координација и јасни насоки што треба да се направи. Импулс ни дава тоа што одлуката донесена во Кореја ни овозможува подолг период да постапиме и во тој перод имаме циклични обврски за известување, рече Муцунски.