Во Секторот за внатрешни работи – Скопје ноќеска во 1:27 часот после полноќ било пријавено дека кај „Фонтана“ на подрачјето на Центар има повредено лице со остар предмет.
– Полициски службеници излегле на местото и го затекнале Н.Н., 24-годишник од Скопје, со двајца негови другари, кој изјавил дека на местото настанала физичка пресметка помеѓу неколку лица и тој се обидел да ги раздели, при што едно од лицата со остар предмет му нанел убодна рана – појаснија од Министерството за внатрешни работи.
Повредениот бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје за укажување на лекарска помош.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
