Реклама

Мицкоски и Николоски од Неготино: Македонија е големо градилиште, се гради на над 1200 локации

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСM на наредните избори

Разговор со психологот Секулоска: Казни или страшни последици – како да се реши меѓуврсничкото насилство?

Мицкоски: Да најдеме начин за гласање на дијаспората – електронски, преку писма

ЕУ ќе пренасочи средства за Западен Балкан кон земјите предводнички во рефромите – меѓу кои и Македонија

Владата ќе пресече за цените – за една недела готови анализите за 700 прехранбени производи

Испораката на воената опрема во завршна фаза, склучени нови договори со САД

Алфа анкета: Родителите имаат клучна одговорност во воспитувањето на децата

Отчет на Димитриеска-Кочоска: Висок раст, стабилни јавни финансии и зголемени приходи

За Филипче секој што не мисли како него е непријател- се погласни повиците за промени во СДСМ, лидерот во своја одбрана само напаѓа

Состојбата во Скопје по поплавите за рекордно кратко време се нормализира, се расчистуваат штетите

Мицкоски: СДСМ и Левица ја казнуваат дијаспората со 13 илјади амандмани

Македонија

Мицкоски: Ќе се бориме за ЕУ, но и за зачувување на националните интереси

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата ќе продолжи со реформите и евроинтегративниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата ќе продолжи со реформите и евроинтегративниот процес, но нагласи дека нема да прифати уставни измени без јасни гаранции дека тоа е последното барање на патот кон Европската Унија.

– Ќе се бориме, ќе спроведуваме реформи, ќе ја реализираме реформската агенда и ќе ги решаваме домашните проблеми. Тоа е она што можам да го ветам: жилава и бескомпромисна борба за подобар живот на граѓаните, а истовремено и за зачувување на националните интереси – истакна Мицкоски во вечерашното гостување на една од националните телевизии.

Осврнувајќи се на критиките дека Владата не успева да го деблокира европскиот пат на државата, премиерот оцени дека најголемата фрустрација кај граѓаните не произлегува од моменталниот застој, туку од, како што рече, долгогодишните понижувања и отстапки направени без очекувани резултати.

Реклама

– Сметам дека фрустрацијата кај граѓаните е голема поради понижувањата што ги доживеавме изминативе години, би рекол и децении, како и поради националните отстапки што беа направени, а притоа не добивме ништо. Иако политичарите во минатото ветуваа чуда. Ни ветуваа дека ако смениме знаме, ако смениме Устав, ако смениме име и прифатиме сè што ќе се побара од нас, ќе имаме европско здравство, поквалитетно образование и подобар живот – рече тој.

Мицкоски нагласи дека не може да предвиди кога земјава ќе го надмине актуелниот застој во процесот на пристапување кон ЕУ, но вели дека Владата нема да се откаже од борбата за решавање на проблемот.

– Можеби ќе биде потребно и повеќе време. Не сум пророк за да ви кажам дали тоа ќе биде за една година, две години, пет години или никогаш. Не знам. Но, можам да ви ветам дека ќе се борам со сета сила што ја имам, заедно со луѓето околу мене – изјави премиерот.

Според него, во меѓувреме е променета и перцепцијата на европските партнери за македонските позиции, при што дел од високите европски функционери веќе разговараат за можни гаранции и поинаков пристап кон спорот.

– Ако пред две-три години ни велеа дека сè е завршено и дека тоа е понудата на маса, денес дел од високите европски политичари велат: „Почекајте, да размислиме за гаранции. Да разгледаме поинаков пристап кон ова прашање.“ Последните пораки од Брисел, вклучително и од претседателката Урсула фон дер Лајен, се дека Македонија е меѓу земјите што испорачуваат резултати и реформи. Тоа е она што можам да го ветам и што ќе продолжиме да го правиме. Но, не можам да ветам дека ќе се согласам на уставни измени што некој друг ги прифатил, без јасна гаранција дека тоа е последното барање и без јасно видлива цел. Тоа не можам да си го дозволам – нагласи премиерот.