Реклама

Град Скопје со субвенции ќе ги помага старите занаети за да се пренесат на младите генерации

Царината станува дигитална – граничните терминали ќе бидат целосно автоматизирани

Македонија е подготвена да направи сè што ќе побара ЕУ, но нема слепо да потпишува бели листови

Ботови на СДСМ повикуваат на ликвидација на новинари на Алфа- дали Филипче го мотивираше членството да посакува смрт на неистомисленици?!

Му го отвори ли Судот во Струга патот на Марковски за бегство? – Правници предупредуваат за можни злоупотреби

Мицкоски: Во водата во Гостивар се појави нова бактерија, и натаму не може да се пие

„Месеци на практиканство“, студенти ќе одат на пракса во општините

Мицкоски: Следната недела се очекува поголемо поевтинување на дизелот и бензините

Само неколку минути до резултат – МВР воведува брзи тестови за дрога кај возачите

Корупцијата под лупа – институциите го стегаат обрачот околу поткупот

Македонската царина спречи милионски шверц на Богородица

Скопскиот градоначалник најави бесплатни униформи за сите средношколци во прва година

Македонија

Мицкоски: Ќе направиме се за реформите, а на ЕК е да суди дали реално заслужуваме да бидеме дел од ЕУ на база на испорака

Посветени сме на реформите, ќе направиме се што зависи од нас, а…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Посветени сме на реформите, ќе направиме се што зависи од нас, а останува на Европската комисија да суди дали реално заслужуваме да бидеме дел од Европската Унија на база на испорака, бидејќи велат оти тоа е процес што се темели на заслуга – колку испорачуваш, толку добиваш – порача премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за денешниот онлајн  работен состанок посветен на Реформската агенда и процесот на европска интеграција, со директорот на Генералниот директорат на Европската комисија за проширување и источно соседство, Герт Јан Копман. 

Мицкоски рече дека на состанокот било посочено оти државава е единствена која работи на реформите предвидени за спроведување до декември.

Нема, потенцира, да потпишуваме капитулации и бели листови хартија како што тоа го правела претходната влада, а ништо не испорачала дома. 

Реклама

– Имавме утрински состанок со луѓето од Брисел од одделот за проширување. Разговаравме сега за оние реформи коишто се дел од Реформската агенда во грејс период за декември и оние коишто се во нормален колосек до декември коишто истекуваат 2026. Ние сме единствена земја за волја на вистината од регионот којашто работи за реформите до декември, барем така тие го кажаа. Ние остануваме посветени на таа испорака. Со други зборови, ќе направиме се што зависи од нас. Нема да потпишуваме капитулации и бели листови хартија како што тоа го правеше претходната влада, а ништо да не испорачаат дома. Значи ние се ќе направиме што е поврзано со реформите, со нашата домашна задача и потоа оставаме на луѓето од Брисел, на Европската комисија да суди дали ние реално заслужуваме да бидеме дел од Европската Унија на база на испорака, бидејќи секогаш мене ми велат и таму кога одам на состаноци тоа го слушам дека ова е процес што се темели на заслуга, односно колку испорачуваш, толку добиваш. Еве ние ќе се обидеме да го заслужиме тоа преку испораката во реформите, понатаму ќе оставиме на нив – изјави Мицкоски.