Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Економија

Мицкоски: Со солидарниот данок Владата ги казнува оние што плаќаат даноци, на сметка на оние кои што не плаќаат

Данокот за солидарност  е класичен арач , наместо да се бориме со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Данокот за солидарност  е класичен арач , наместо да се бориме со сивата економија на начин преку кој ќе ги санкционираме оние кои не издаваат фискалчни сметки , ние удираме по грбот на граѓаните кои редовно плаќаат даноци. Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ , Христијан Мицкоски, остро го критикува таканаречениот данок за солидарност кој од Илинденска стигна  до Парламентот по втор пат, но овој пат под параванот на Европско знаменце .

Шверцерски закон кој што има за цел тие кои што се лојални и плаќаат даноци и обврски кон државата да плаќаат повеќе а да ги штити оние кои што не се лојални граѓани кон Македонија и кои онака до сега не ги плаќале своите обврски и даноците кон државата. За едни оваа влада на ДУИ поддржана од помалиот измеќар СДСМ е мајка, а за другите не е мајка, односно за едните има цел да ги штити, а за жал другите има цел да продолжи да ги угнетува. И за тоа сум убеден дека граѓаните го гледаат и го чувствуваат и јасно ќе зборуваат на следните избори кои што за неколку денови од денеска ќе се случат, рече Мицкоски.

Бизнис заедницата побара целосно стопирање на даноците , но Владата не ги послуша .  Дури иако веќе сме опоменати од меѓународната заедница за користењето на европското знаменце за законите за „ Бехтел и Енка“ , сега повторно онаму каде што има несогласувања, наместо дебата власта ќе ги турка по скратена постапка . Владата се одлучила на овој потег оти опозицијата се противела за да бидат донесени .  Доколку помине во Собрание, компаниите  кои оствриле профит над 10 милиони евра до 30 – ти октомври ќе имаат рок да платат солидарен данок . Односно, секоја компанија која остварила приход за 30 проценти повеќе од изминатите 3 години, а тој процент во исто време надминува 10 милиони евра ќе мора да го плати данокот на солидарност .  Такви се околу 200 фирми

Реклама

Со  Даночната реформа  државата планира да собере дополнителни 140 милиони евра во Буџетот од кои половина ќе бидат од солидарниот данок, а останатите од ДДВ и Данокот на добивка

Во законот за ДДВ се предвидува повисока стапка за одредени производи. Но не се знае точно за кои . Уште од јануари се чека листата на производи кои ќе станат луксуз, а Бесими засега  кажа само 10-тина .  Засега се знае дека  ќе поскапи кокосовото масло, брашното од соја, путерот од кикирики, сушените риби, гумени бомбони, слатки, тропско овошје , бисквити, вафли, обланди, тартуфи и месо од ирвас – барем овие неколку производи . Надолна корекција на ДДВ-то од 18 на 5 отсто ќе има за менструалните производи .

Кристина Алексиеска