Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Мицкоски: Преку релокација на средства од централниот буџет до реализација на 1200 проекти во општините

– Преку политиката за поддршка на општините и релокација на средства од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Преку политиката за поддршка на општините и релокација на средства од централниот буџет кон општините реализирани се голем број инфраструктурни проекти, дел од нив се отпочнати, дел се во фаза на изработка…Станува збор за околу 1.200 проекти, нешто до сега што се нема случено. Кога на тоа ќе се додадат и сите останати капитални инвестиции доаѓаме на навистина импресивен начин на водење и реализација на капиталните инвестиции. Тоа денеска го истакна претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, кој заедно со вицепремиерот и министер за трсанспорт и врски, Александар Николоски, и градоначалникот Златко Сиљаноски, извршија увид на градежни активности на реконструкција на два локални патни правца во селата Мешеишта и Волино во Општина Дебрца.

– Добро е кога се работи, добро е кога се пуштаат проекти, добро е кога се отпочнуваат проекти…Кога овие проекти ќе ја добијат својата финална контура, го добијат оној облик којшто очекуваме да биде тогаш драматично ќе се подобри квалитетот на животот и додадената вредност во рамките на животот на сите граѓани, рече тој, заблагодарувајќи се на градоначалникот, општинската администрација, пратениците од регионот, министерот за нивната посветеност во делот на реализаицја на проектите од инфраструктурата.