Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Мицкоски: Очекувам Обвинителството да отпочне постапка за проверка на 400 пријави за неквалитетна вода во 2021 година во Гостивар, не се преземало ништо за заштита на здравјето на гостиварци

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Делчево го повика Обвинителството да отпочне постапка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Делчево го повика Обвинителството да отпочне постапка за проверка на 400 пријави за неквалитетна вода во 2021 година во Гостивар и не преземањето ништо од тогашната власт за заштита на здравјето на гостиварци.

Одговарајќи на новинарско прашање во однос на обвинувањата од страна на опозицијата дека Владата ништо не направила во врска со Гостивар тој подвлече дека кога станува збор за Гостивар и за пријавувањето во Гостивар оти треба да се напомене дека во 2021 година, кога претседателот на СДСМ е министер за здравство и кога истата личност којашто денеска излегува на прес-конференции од името на СДСМ е директор во Институтот за јавно здравје, имало преку 400 пријави за неквалитетна вода во Гостивар. Според претседателот на Владата, ништо не е преземено, нула, како што рече.

– Јас го повикувам Обвинителството, еве одовде, од Делчево, да ги провери овие наводи за коишто сега зборувам и да отпочне постапка зошто овие луѓе, кога имале можност, не преземале ништо и не го заштитиле здравјето на гостиварци. Но, не само на гостиварци, туку и на граѓаните во другите општини. Значи, Обвинителството мора да постапи по оваа информација којашто, еве одовде, сакам да ја испратам. И очекувам Обвинителството веднаш, уште денеска, да влезе во Институтот за јавно здравје, во Агенцијата за храна и ветеринарство, да ги провери овие наводи за коишто денеска зборувам, изјави Мицкоски.

Реклама

Обвинувањата дека власта не направила ништо за Гостивар, нагласи, ги адресирал човекот на којшто, како што рече, живи луѓе му гореа во модуларната болница во Тетово. 

– Човекот којшто ќе остане забележан како рекордер по бројот на починати за време на корона-кризата затоа што не успеа навреме да обезбеди доволно вакцини за да можат граѓаните да ги користат и на тој начин да обезбеди, односно да сочува некој човечки живот. Повеќе се занимаваше тогаш со ПР и кампањи отколку со суштина, односно со тоа што му беше работа. И тоа го зборуваат луѓето коишто во здравството го донесоа најголемиот скандал, како што е скандалот на Онкологија, за којшто постои судски процес, во којшто се инволвирани токму овие луѓе, истакна Мицкоски

Според него, водата во Гостивар останува да се користи како техничка, поради нова резидуална бактерија во инсталациите, без да има насоки за да биде користена за пиење и готвење. 

– И уште некое време таа вода така ќе остане. Сега веќе во инсталацијата ги нема оние фекални колиморфни бактерии како што се нарекуваат, но се појави една нова резидуална бактерија која што во инсталациите е присутна поради тоа што долго време не биле користени, а сега со прочистување и со хиперхлорирањето се појавува. Очекувам и овој предизвик да биде надминат. И откако тој предизвик ќе биде надминат, тогаш очекувам конечно да се одобри таа вода и за користење односно за пиење и за готвење, рече Мицкоски.