Реклама

Изборниот законик останува заглавен во собраниските лавиринти

Коцка ќе се фрла подалеку од училиштата, нема веќе агресивни светлечки реклами: стапува на сила новиот закон

Фактура по фактура, цена по цена – се чешла работата на маркетите, нема да се дозволи богатење на грбот на граѓаните

Во релативно краток период, Македонија стана сведок на сè погрозоморни и морбидни убиства

Кој останува, а кој заминува – вечерва по 20 часот ќе се знаат имињата на новите министри во Владата

Нови авиолинии, 6 нови автопати, обнова на железницата: Македонија станува нова раскрсница на Балканот

Од бизнис-идеја до сопствена работилница, младите охриѓани заинтересирани за мерките за самовработување

Македонија се простува од Владо Јаневски – погребот на 1 јули во Скопје

Стабилизација на цените на нафтата носи поевтина храна

ССКМ: Со стабилизација на цената на нафтата се очекува стабилизрање на цените

Ја задавил поранешната сопруга, па глумел дека сонот го одвел до телото – Нови детали за грозоморното убиство во Таор

Ресорите поделени, партнерите договорени: Имињата на новите министри ќе се знаат утре по 20 часот

Македонија

Мицкоски: Остануваме посветени на реформите кои носат конкретни придобивки за граѓаните и ја зацврстуваат европската перспектива на државата

Премиерот Христијан Мицкоски и членови на Владата денеска одржале работен брифинг со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски и членови на Владата денеска одржале работен брифинг со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија, посветен на реализацијата на Реформската агенда и приоритетите во процесот на европската интеграција на државата.  

-Денеска одржавме работен брифинг со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија, посветен на реализацијата на Реформската агенда и приоритетите во процесот на европската интеграција на државата. Разговаравме за досега постигнатите резултати, тековните активности и следните чекори за исполнување на реформските обврски – објави Мицкоски на Фејсбук.

Како што посочува заеднички била потврдена важноста од континуирана соработка, транспарентен дијалог и ефикасно спроведување на реформите што ќе придонесат за посилни институции, подобро владеење и забрзување на европскиот пат на Македонија.

Реклама

– Остануваме посветени на реформите кои носат конкретни придобивки за граѓаните и ја зацврстуваат европската перспектива на државата – нагласува премиерот Мицкоски во објавата.