Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Македонија

Мицкоски: Опозицијата се претвори во тажно и несреќно друштво кое конструира лаги и шири хистерија

Опозицијата се претвори во тажно и несреќно друштво кое конструира лаги и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Опозицијата се претвори во тажно и несреќно друштво кое конструира лаги и шири хистерија, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ги реакциите на СДСМ по одлуката на УНЕСКО, Охрид да го задржи статусот на светско културно наследство.

Како што оцени Мицкоски, опозицијата веројатно тажи и зашто државата не банкротира, зашто се уште нема мигранти и зашто на 1 септември сите ученици ќе имаат учебници.

-По робусна, интензивна дипломатска активност, добивме одложување Охрид да биде ставен на листата загрозено светско културно наследство. По три години, во 2029-та, ќе имаме мониторинг мисија, да се оцени што ќе испорачаме, а во 2031 година ќе биде конечниот извештај. Тоа е голем успех за сите добронамерници и за сите граѓани, со исклучок на опозицијата, која тажи зошто тоа се случило. Тие тажат веројатно и зошто не банкротиравме, зошто немаме се уште мигранти, зошто на 1 септември ќе има учебници за сите ученици или кога Скопје ќе ги добие автобусите. Во суштина, опозицијата се претвори во тажно и несреќно друштво кое конструира лаги, шири хистерија и апсолутно ништо не остана од оние државотворни партии кои таму едно време, во минатото, орбитирале. Но, нивно е да тажат, да очајуваат, да бидат несреќни и да коснтруираат невистини и хистерија, а наше е да работиме. На крајот, граѓаните гледаат кој работи и испорачува, истакна Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања по увид во градежните работи на клучката кај Момин Поток.