Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Мицкоски за Изборниот законик: Не сум оптимист затоа што имаме работа со неодговорни и незрели политичари во опозицијата

Премиерот Христијан Мицкоски не е оптимист дека ќе постигнат договор со опозицијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски не е оптимист дека ќе постигнат договор со опозицијата за донесувањето на Изборниот законик за што рокот истекува денеска, но сепак ги повика претставниците на опозицијата на одговорност. Нека се договорат, рече, за неговата содржина, во која ќе биде вклучено и гласањето на дијаспората, и тој веднаш ќе биде усвоен.

Мицкоски потенцира дека не се вистинити тврдењата на опозицијата оти Изборниот законик не е дел од реформската агенда и дека тоа е така потврдила и еврокомесарката Марта Кос при неодамнешната посета на земјата. Вели дека претставниците на опозицијата прават сè да не стигнеме каде што треба, но оти, и со нив и без нив, Владата продолжува да ги реализира стратешките цели, а тоа е полноправно членство на земјата во ЕУ.

– Не сум оптимист затоа што имаме работа со неодговорни и незрели политичари во опозицијата. Ние како владина коалиција го усогласивме нашиот став и на маса им кажавме – еве, договорете се, напишете го, донесете го, сè додека гласањето на дијаспората е вклучено во него, ние бланко ќе го поддржиме. Поминаа денови, тие се натегаат кој кого ќе го викне и каде ќе се одржи тој состанок помеѓу опозицијата. ​Јас денеска, еве, ги повикувам на зрелост, на одговорност, и претседателите на ДУИ, на СДСМ, на Левицата, крилото на Зијадин Села, на Арбен Таравари, да седнат заедно како опозициски партии, да се договорат и нека донесат закон во кој е вклучено гласањето на дијаспората – рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање при посетата на општина Сарај.

Реклама

Владејачкото мнозинство, рече тој, ќе го прифати, без воопшто да полемизира на таа тема.

– Еве, покоректно јас, не знам што можеме ние како Влада да направиме – рече Мицкоски.

Во врска со обвинувањата од опозицијата дека Изборниот законик не е дел од реформскиот план за раст, Мицкоски рече дека најдобар демант е тоа што Кос при неодамнешната посета потврдила дека е тоа така и повикала на соработка за негово донесување.

– Не знам дали понекогаш СДСМ и треба да го коментираме. Но, ова прашање заслужува коментар бидејќи е значајно и за граѓаните и за државата. Впрочем, сите можеа да ја слушнат комесарката Марта Кос како таа тоа го кажа. Мене не мора да ме слушаат, неважен сум јас во случајот, еве нека ја слушаат комесарката Кос. Таа рече дека тоа е дел од реформите, кои се битни за евроинтеграцијата. ​Знаете, чудни се некои политичари во опозицијата. Кога станува збор за нивен интерес, т.е. да бидам попрецизен, за нивниот џеб, тогаш полни им се устите со Европа, Европа и само Европа. Кога треба да зборуваме за одговорност и носење потези, кога се во опозиција, тогаш сè прават само да не стигнеме онаму каде што треба да стигнеме. Но, и со нив и без нив, ние продолжуваме да ги реализираме стратешките цели, а тоа е полноправно членство на земјата во рамките на Европската Унија – рече Мицкоски во одговорот на прашањето.