Реклама
Економија

Мицкоски за економијата и антикризните мерки: Бројките се немилосрдни и ја демантираат опозицијата – имаме раст на БДП над 3 %, раст на платите и убедливо најевтино гориво во регионот

Премиерот Христијан Мицкоски очекува дека ќе биде постигната целта што ја дефинирале…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски очекува дека ќе биде постигната целта што ја дефинирале на средбата со сопственици на големите маркети – од јули инфлацијата и цените на основните прехранбени производи да останат под 3 проценти на годишно ниво. 

– Зацртавме цел во јули храната да биде под 3 проценти. За да се постигне оваа цел има одредени услови. Тие услови се во еден или два закони да се направи измена, која ќе треба заеднички да ја усогласиме со дистрибутерите и со производителите и мислам дека ќе најдеме заедничко тло. Но тоа треба да ни биде заедничка цел, цената на храната да не биде зголемена над 3 отсто на годишно ниво, За ова постоеше општ консензус и резултат од 2.9 проценти го сметаме за голем успех. Јас мислам и тоа дека ќе го постигнеме, рече Мицкоски гостувањето на една од националните телевизии, по повод две години Влада.

Цената на храната, рече, од јануари до мај пораснала за 5,4 отсто, а  во 2022 година, во време на тогашната криза, поскапела за 21,5 проценти. 

Реклама

Ги демантираше тврдењата на опозицијата дека Владата не презема мерки за ублажување на кризата. Опозицијата обвинува дека немало пари за проекти, а оваа Влада, рече, затвора инфраструктурни проекти, се завршуваат делници и автопатишта, се реализираат гасоводи, пруги итн. Во оваа енергетска криза која, рече, по обем е многу подевастирачка од претходните, државава има убедливо најевтино гориво во регионот. Посочи и на параметар за инфлација на нафта и нафтени деривати која била 32,3 отсто во 2022 и 5,8 во 2026, како што рече – скоро шест пати подобро. 

– Бројките се немилосрдни и ја демантираат опозицијата. Кога слушнам кога велат дека 90 проценти не било реализирано, не знам што да кажам. Но, тие ќе си ја кажуваат нивната приказна, а ние нашата вистина, посочи премиерот Мицкоски прашан за обвинувањата за буџетскиот дефицит и антикризните мерки.

Споредувајќи економски параметри посочи дека буџетскиот дефицит во 2020 бил 8 проценти од БДП, 5,3 во 2021, 4,4 и 4,6 во 2022 и 2023… За оваа година бил планиран на 3,5 и да не била енергетската криза, рече, би бил и понизок на крајот на годината.  

– Во 2022 година реалниот раст на платите бил минус 2,9 проценти, а сега е 3 отсто, 6 отсто во плус.  Да одиме по други параметри, да речеме инфлација, во 2022 година 14,2%, сега е 4,5%. Било проекција 3,5%, се случи тоа што се случи, но не е 14,5%. Тогаш 2022 година се завршила со раст БДП од 2,8%, а сега растот е 3,1% во првиот квартал, очекувам до крај на годината 3,5%. Ова се параметри, ова се бројки кои вие не можете да ги игнорирате, нагласи Мицкоски.

Оценувајќи ја состојбата во економијата премиерот рече полека се стабилизираме и дека предизвиците ќе бидат големи во ликвидноста за враќање на обврските.

-Но, имаме план, дури во 2029 ќе бидеме условно растеретени, дотогаш ќе бидеме во предизвици, додаде Мицкоски.