Реклама

Новиот клинички комплекс во Штип е еден од најголемите приоритети на Владата

Гостиварци ќе мора да се стрпат: Водата сè уште не е за пиење од чешма

Осомничениот Марковски „не ја киднал“: Адвокатот тврди дека морал да отпатува службено и дека брзо ќе се врати

Цандо „исчезна“: Го снема морбидниот профил близок до СДСМ и Филипче кој посака смрт за вработени во Алфа

Протоколите со Бугарија не се дел од рамката со ЕУ, но СДСМ и ДУИ ги пикнаа низ споредна врата

Европа во пламен, пожари беснат на сите страни – Македонија засега куртули, но допрва влегуваме во топлотен бран

Капитални инвестиции од 150 милиони денари во Делчево

Мицевски: Додека Филипче бил министер за здравство се криело дека водата била неисправна во повеќе места

Град Скопје со субвенции ќе ги помага старите занаети за да се пренесат на младите генерации

Царината станува дигитална – граничните терминали ќе бидат целосно автоматизирани

Македонија е подготвена да направи сè што ќе побара ЕУ, но нема слепо да потпишува бели листови

Ботови на СДСМ повикуваат на ликвидација на новинари на Алфа- дали Филипче го мотивираше членството да посакува смрт на неистомисленици?!

Македонија

Мицкоски до Филипче: Кога бевте министер за здравство, имаше извештаи за бактериолошки неисправна вода во многу градови, но не презедовте ништо, Обвинителството да се позанимава со ова

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, на собраниската седница посветена на пратенички прашања во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, на собраниската седница посветена на пратенички прашања во одговор до лидерот на СДСМ, Венко Филипче, истакна дека во време кога тој бил министер за здравство, имало извештаи за бактериолошки неисправна вода во неколку градови во 2019, но тој, како што рече, тогаш не презел ништо. Премиерот нагласи дека Обвинителството треба да се позанимава со овие случаи.

Одговарајќи му на Филипче, кој постави прашање кој е одговорен за проблемите со кои се соочува државата, меѓу кои и случајот со водата во Гостивар, Мицкоски рече декадоколку вчера имало шест неисправни примероци, а денеска има два, тогаш очекува дека гостиварци за неколку дена ќе имаат исправна вода за пиење.

– Бидејќи немам многу време, ќе дојдам до прашањето што мислам дека е интересно и за вас бидејќи тогаш бевте министер. Зошто денес барате одговорност од министерот за здравство, кој е министер многу кратко време, а не гледаме одговорност за она што се случувало во времето кога вие бевте министер? Имаме колеги од Прилеп во вашата пратеничка група. Еве го извештајот на Центарот за јавно здравје – Прилеп за периодот од 1 до 28 февруари 2019 година. Извештајот се однесува на Прилеп, Крушево и Македонски Брод. Во него јасно е наведено дека има бактериолошка и физичко-хемиска неисправност на водата. Во рубриката „Преземени мерки“ стои – ништо. Следува извештајот за периодот од 1 до 31 март 2019 година. Повторно за истите градови. Повторно – преземени мерки: ништо. Можам да ви набројам уште многу вакви извештаи. Еве извештај и за Гостивар и околните населени места. Во тој период вие бевте министер. Не само што ви гореа модуларни болници, туку како доктор не се држевте до заклетвата, како доктор дозволувавте луѓето да користат вода што во најмала рака претставувала ризик за нивното здравје. Дали јас како инженер или Панче како правник се разбираме во хиперхлорирање или не, не е суштината. Но знам дека ако вчера имало шест неисправни примероци, а денес има два, тогаш очекувам дека гостиварци за неколку дена ќе имаат исправна вода за пиење – нагласи Мицкоски

Реклама

Тој го повика Јавното обвинителство да се позанимава и со овие наводи, а во одговорот се осврна и на унгарскиот кредит, економијата, платите и пензиите.

За унгарскиот заем, посочи дека со самото тоа што излегла веста од Унгарија дека практично е даден заем на Македонија по преференцијални услови и дека се отвора потреба за темелна истрага во самата Унгарија, со тоа, рече, „покажавме дека како држава сме успеале да обезбедиме евтини средства, односно, да бидам попрецизен, најевтини во споредба со сите други држави што во тој момент обезбедиле ваков вид финансиски средства“.

-Ќе се обидам да ви дадам одговор на вашата дилема. Половина од средствата ги потрошивме за враќање на еврообврзница во износ од 500 милиони евра. Од преостанатата половина, 250 милиони евра ги користат компаниите преку субвенционирани заеми со каматна стапка од 1,95 проценти. Претпоставувам дека и тие го следат ова. Останатите 250 милиони евра, заедно со уште 250 милиони евра, се искористени за финансирање проекти во општините, вклучително и во оние општини во кои вие имате неколку градоначалници. Што се однесува до унгарскиот заем, мислев дека ќе излезете и ќе ја пофалите државата што направила таков аранжман, за кој самата Унгарска влада вели дека е по преференцијални услови, дека унгарските граѓани ќе треба да платат дополнителни 250 милиони евра камати. Наместо тоа, повторно излегувате и кажувате работи што не се вистинити – рече Мицкоски.

Во однос на цените на горивата истакна дека имаме убедливо најниски во регионот и дека станува збор за берзанска материја.

-Станува збор за берзанска материја, не станува збор за тоа дали се претприемачките способности на оваа влада добри или не се добри, исто како кога вие бевте министер и исто како бевме заковани на дното односно на врвот по бројот на починати луѓе за време на корона кризата кога се обидувавте преку компанија којашто е основна дејност трговија со јужно овошје Стабри во Хонг Конг да набавувате вакцини коишто не ги набавивте. Тогаш во јавноста циркулираше една за вас анегдота дека практично се обидувате на граѓаните да им помогнете на тој начин што ќе ги натплатите неколкукратно вакцините преку оваа Стабри компанија.  Јас очекувам дека обвинителството ќе преземе во свои раце да го истражи овој случај и не се заканувам, нема потреба да се плашите, јас знам дека Фројд работи кај Вас, но нема потреба да се плашите – рече Мицкоски.

Премиерот говореше и за економските показатели, при што направи споредба меѓу јуни 2022 и јуни 2026 година.

-Истите месеци, но во услови кога сегашната криза е значително потешка од онаа во 2022 година, особено кога станува збор за притисокот и инфлаторните движења. Анализирав 12 држави: Србија, Албанија, Македонија, Словенија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Грција, Хрватска, Бугарија, Косово, Романија и Турција. Во јуни 2022 година, за време на владата на СДСМ и ДУИ, инфлацијата изнесуваше 14,7 проценти. Бевме осми меѓу овие 12 држави. Во јуни 2026 година инфлацијата изнесува 3,4 проценти. Го делиме третото место со Албанија, додека Србија има 2,7 проценти. Зад нас се Словенија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Грција, Хрватска, Бугарија, Косово, Романија и Турција. Ова се бројки и ова се факти – изјави Мицкоски.

Во однос на платите истакна дека просечната плата во државата во јули 2017 година изнесувала 22.671 денар, а во мај 2024 година 41.252 денари, при што додаде дека за 83 месеци влада на СДСМ и ДУИ, просечната плата месечно растела за 224 денари.

-Во јули 2024 година просечната плата изнесувала 40.961 денар, а во мај 2026 година 49.544 денари. За 23 месеци влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, просечната нето-плата месечно растела за 373 денари. Тоа е околу 66,5 проценти побрз месечен раст во споредба со периодот кога СДСМ беше на власт – изјави Мицкоски.

Кога станува збор за пензиите, додаде тој, во периодот на владата на СДСМ, од октомвриското усогласување во 2017 година до мартовското усогласување во 2024 година, просечната пензија е зголемена за неполни 7.000 денари. За неполни две години, изјави премиерот, од Владата на ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ, просечната пензија е зголемена за повеќе од 7.000 денари.

Филипче во текот на поставувањето на прашањето упати критики до Мицкоски оценувајќи дека „неспособноста, корупцијата и лагите се на директна штета на граѓаните за што директно го обвини премиерот“.

– Сè повеќе на виделина излегуваат неспособноста, коруптивните практики и лагите со кои владеете. Не помага ниту силниот ПР, луѓето едноставно повеќе не веруваат, маските се паднати и веќе ова вие не можете да го скриете – истакна Филипче.

Тој посочи дека Владата нема одговор за серијата случаи со загадена вода во државата и дека граѓаните остануваат без информации за ризиците врз нивното здравје, а никој не презема одговорност за труењето на граѓаните.

– Водата е загадена во половина држава: во Гостивар, во Валандово, во Скопје, во повеќе општини, а немате одговор на многу прашања. Чија е одговорноста, кој правел контрола, зошто не се јавувале и не се пријавувале соодветно резултатите – праша Филипче.

Осврнувајќи се на животниот стандард, претседателот на СДСМ истакна дека „реалноста целосно ги демантира владините тврдења“.

– Паѓаат во вода приказните за „стандардот“ – рече Филипче посочувајќи на последните податоци објавени од „Евростат“.

На почетокот на седницата и понатаму во текот на неа пратеничката Илире Даути од Алијансата за Албанците (АА) реагира неколкупати дека премиерот Христијан Мицкоски повеќе недели не ѝ одговара на поставено пратеничко прашање. Таа смета дека тоа е опасно поигрување на Мицкоски и на Владата не само со инструментот на пратенички прашања и отчет пред граѓаните туку и со демократијата во Македонија.

Даути повеќепати процедурално бараше денеска да излезе и да ѝ одговори на одамна поставеното пратеничко прашање, потоа процедурално збор побара и пратеникот Ријад Шаќири од АА. Откако пратеничката не сакаше да ја напушти говорницата, лидерот Зијадин Села застана до неа по што Гаши даде половина час пауза за да се смири ситуацијата.

Седницата продожи повторно со процедурални забелешки на пратениците за инструментот на пратенички прашања и за тоа дали е скратено правото да биде одговорено на прашање поставено од пратеник по што претседателот Гаши даде пауза до 15 часот.