Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Мицкоски: Владата ќе испрати 60.000 литри вода за пиење во Гостивар, од градоначалникот па надолу сите треба да понесат одговорност

– Премиерот Христијан Мицкоски денеска за време на посетата на Велес одговарајќи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Премиерот Христијан Мицкоски денеска за време на посетата на Велес одговарајќи на новинарски прашања за тоа дали има нови информации што се случува во моментот во Општина Гостивар со оглед дека е прогласена епидемија и дали тој смета дека има морална одговорност кај некои од функционерите, истакна дека таму сите од прв до последен треба да понесат морална одговорност, почнувајќи од градоначалникот па надолу, а за друг вид на одговорност треба да се произнесе Обвинителството.

– Инаку за морална одговорност, апсолутно таму од прв до последен треба да понесат одговорност, покрај тоа што претпоставува Обвинителството ќе се занима со друга одговорност. Очекувам дека од градоначалникот па надоле сите треба да понесат одредена морална одговорност. А ние како владини институции ќе продолжиме и понатаму да колку е возможно со иницијативи од типот на онаа вчерашната да го олесниме животот на гостиварчани во делот на снабдување со вода за пиење и колку толку од таа вода да се користат за реализирање на техничките потреби и хигиена – рече Мицкоски, кој денеска беше во Велес, каде присуствуваше на започнување на реконструкција на патниот правец Челошево – Дорутовец, како и пуштање на реконструираните улици „11 Октомври“ и „Васил Главинов“.

Тој посочи дека владините институции во рок од два дена ја завршиле работата, а изутринва од Институтот за јавно здравје бил брифиран дека тоа кое што е нивна ингеренција е завршено и предадено до Обвинителството.

Реклама

-Сега на потег е обвинителството односно обвинителот кој што треба да излезе со квалификација. Истовремено како Влада во текот на вчерашниот ден преземавме чекор да обезбедиме 50.000 литри флаширана вода за пиење за гостиварчани. И тоа така ќе биде секој ден. Вчерашните количини утрово се поделени, а денеска очекуваме нови три шлепери кои ќе бидат повеќе од 20.000 литри по шлепер, некаде околу 60.000 литри, кои што очекуваме во текот да денот исто така да бидат дистрибуирани – рече Мицкоски.

Тој нагласи дека во моментов согласно препораките на АХВ и ИЈЗ водата во Гостивар не смее да се користи ниту за технички потреби.

-Во суштина се ова што го правиме е дел од локалната самоуправа, но кога имате таму летаргија, тогаш морате како Влада да реагирате и да ги преземате вие тие потези во овие два дена што ги преземавме. Значи сега треба Водовод во Гостивар да пристапи кон прочистување на системот за да можат граѓаните да ја користат водата за технички потреби и за хигиена, бидејќи сега во моментот вака како што е не треба ниту за хигиена да ја користат – рече Мицкоски.

Посочи дека од денеска па натаму локалното „ЈП Водовод“ треба да почне со чистење на системот, хлорирање и во рок од ден, два или три да можат граѓаните да ја користат за техничка потреба.

Во врска со тоа дали ќе има ревизија на изградбата на водоводот, чија реконструкција завршила лани, а дел од средствата ги обезбедиле Владата и швајцарската агенција, Мицкоски потенцира дека секако дека ќе се направи анализа.

-Постои надзор кој има потпишано извештај, бидејќи согласно Законот за градење, секој ваков проект мора да има стручен надзор. Имате компанија и и правно лице што го вршеле надзорот, така што сето тоа едно по едно ќе биде анализирано. Што се однесува до институциите под надлежност на Владата, во рок од два дена состојбата беше констатирана и беа преземени сите неопходни мерки. Дел од тие мерки не се во наша надлежност, но кога гледате дека постои летаргија на локално ниво, Владата мораше да реагира – додаде премиерот.

Видеото може да го погледнет ена следниот линк: