Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Мицевски: СДСМ без објаснување не го прифати моделот за електронско гласање на дијаспората, очекувам 13.000 амандани за измените на Изборниот законик

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, денеска изјави дека не…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, денеска изјави дека не е постигнат договор за Изборниот законик на средбата со координаторите на пратеничките групи и со пратениците што не се организирани во пратенички групи, а кои учествувале во работната група за Изборниот законик.

Мицевски рече дека СДСМ без објаснување останал на ставот дека не го поддржува моделот за електронско гласање на дијаспората. Очекува, според најавите, за измените на Изборниот законик да бидат поднесени 10.000 амандамни од СДСМ и 3.000 од Левицата.

Седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, на која на дневен ред е амандманата расправа за измените, е закажана за 14 часот. 

Реклама

– Иако имаше поместување на точките по одредени заклучоци за кои имаше забелешки, она што остана како точка преку која не можеше да се помине е забелешката на СДСМ за електронското гласање на дијаспората. Моделот кој е во Изборниот законик е неприфатлив за СДСМ и со жалење можам да констатирам дека разговорите завршија неуспешно. Од таа причина денеска се закажува и Комисијата за политички систем, на која што, како што најавија, очекувам дека ќе има блокада од страна на СДСМ и на Левицата. Морам да ги информирам граѓаните дека се направија сите обиди за надминување на овие проблеми и да имаме нов изборен законик, кој влегува во делот на реформската агенда. За жал, не се успеа во тоа. Остануваме на старото законско решение, на стариот Изборен законик, врз основа на кој ќе се организираат некои наредни избори – рече Мицевски.

Во разговорите помеѓу координаторите биле прифатени повеќе забелешки. Една од нив била од ДУИ и СДСМ за дефиницијата за изгледот на гласачкото ливче и за она што е изразена волја од граѓаните. ДУИ имала забелешка за записниците што се доставуваат до ДИК и ОИК, а целосно била прифатена и забелешката за финансирањето на политичките партии на Левицата и тоа е моделот 42, 42, 8, 5 и 3 отсто. Исто така, била прифатена забелешката на Левицата за доработка на член 76 ѓ и можноста за глоби од 8.000 евра. 

–  СДСМ рече дека не може дијаспората да гласа, но остана без објаснување. Иако моделот е прифатен веќе од одредени земји кои веќе го имаат, за СДСМ беше ненадминливо прашање и тука не успеавме да се договориме. Врз основа на тоа остануваме на ова законско решение, кое ќе видиме како ќе продолжи понатаму и дали ќе го види светлото на денот. По ова, не верувам дека Левицата ќе ги повлече амандманите. Очекувам некаде околу 10.000 амандамни од СДСМ и 3.000 амандамни од Левицата – рече Мицевски.