Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Македонија

Митева: Постапувањето на Обвинителството треба да биде брзо и експидитивно за да никогаш повеќе немаме ситуација како во Гостивар

Постапувањето на Јавното обвинителство во следниот период треба да биде брзо и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Постапувањето на Јавното обвинителство во следниот период треба да биде брзо и експидитивно. Колку што е важно навременото постапување од страна на надлежните институции, толку е важно и утврдувањето одговорност со цел никогаш повеќе да не се случуваат вакви состојби – изјави денеска владината портпаролка Марија Митева во однос на случувањата во Гостивар, каде што е прогласена епидемија по зголемениот број пациенти со стомачни тегоби. 

Митева на прес-конференцијата во Владата рече дека надлежните институции постапиле навремено и дека е важно и брзото и ефикасно постапување на Обвинителството за да се утврди одговорност.

– Можев да видам дека надлежните институции постапувале со согласност со она што е нивна надлежност, дури и во рекордно време да зваршат обврски што во голема мера се надлежност на локалната самоуправа. И за водоснабдувањето на жителите во општина Гостивар во случај на епидемија или во случај на прогласена состојба од страна на АХВ за забрана на водата за пиење, надлежна е Општината да обезбеди непречено снабдување со вода – рече Митева на заедничката прес-конференција со министерот за здравство и со директорите на Институтот за јавно здравје и на Службата за општи и заеднички работи при Владата.

Реклама