Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Мислење на Фискалниот совет за Завршната сметка на Буџетот за 2025 година

Врз основа на анализата на Завршната сметка на Буџетот за 2025 година,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Врз основа на анализата на Завршната сметка на Буџетот за 2025 година, Фискалниот совет издаде стручен извештај кој укажува на сериозни предизвици во македонските јавни финансии: пониска реализација на приходите и расходите, висок буџетски дефицит, јавен д олг на раб на законскиот лимит и скриени доспеани обврски од над 700 милиони евра, се наведува во соопштението од Фискален совет на Македонија.

• Пониска реализација на планот: Вкупните приходи се остварени со 92,0% (335,8 млрд. денари), додека расходите се реализирани со 92,9% (377,6 млрд. денари).

• Потфрлање кај приходите: И покрај добрите резултати кај ДДВ, забележано е значајно потфрлање кај акцизите, неданочните приходи, капиталните приходи и донациите поради слаби макроекономски остварувања и доцнење во сузбивањето на сивата економија.

Реклама

• Неповолна структура на расходите: Капиталните расходи се реализирани со едвај 64,6% (учествуваат со само 7,5% во вкупните расходи), додека расходите за пензии скокнаа за 19,1% (107,9 млрд. денари), а каматите растат за 11,4% (19,8 млрд. денари).

• Црвени аларми за долгот: Буџетскиот дефицит изнесува 4,0% од БДП, а јавниот долг достигна 59,6% од БДП —непосредно под законскиот праг од 60%.

• Скриен ризик од над 700 милиони евра: Неплатените обврски на јавните институции надминуваат 4% од БДП и воопшто не влегуваат во официјалниот 
јавен долг.

Извршно резиме
Фискалниот совет, врз основа на анализата на Завршната сметка на Буџетот за 2025 година, оценува дека извршувањето на Буџетот се карактеризира со пониска реализација и на приходите и на расходите во однос на планираното, задржување на буџетскиот дефицит на високо ниво, неповолна структура на јавните расходи и зголемени ризици поврзани со јавниот долг .

Вкупните буџетски приходи се реализирани во износ од 335,8 милијарди денари, односно 92,0% од планираното. Даночните приходи и придонесите се остварени со 96,2%, при што приходите од ДДВ го надминале планираниот износ, додека значително потфрлање е забележано кај акцизите, другите даноци, неданочните приходи, капиталните приходи и донациите. Пониската реализација се поврзува со послабите остварувања на клучните макроекономски индикатори, доцнењето на реформите за сузбивање на неформалната економија и отсуството на доволно видливи ефекти од зајакнувањето на даночната администрација. Оттука, потребно е приходите да се проектираат врз пореални и поодржливи претпоставки, паралелно со дигитализација на даночната администрација, намалување на даночната евазија и проширување на даночниот опфат.

Вкупните буџетски расходи се реализирани во износ од 377,6 милијарди денари, односно 92,9% од планираното. Тековните расходи бележат висока реализација од 96,4%, наспроти капиталните расходи, кои се реализирани со само 64,6% и учествуваат со 7,5% во вкупните расходи. Продолжувањет о на ниската реализација на капиталните инвестиции го ограничува нивниот придонес кон економскиот раст. Истовремено, расходите за пензии достигнале 107,9 милијарди денари и се зголемиле за 19,1% во однос на 2024 година, додека каматните плаќања изнесувале 19,8 милијарди денари, со годишен раст од 11,4%. Овие движења создаваат значителни среднорочни фискални притисоци и укажуваат на потребата од подобрување на структурата и ефикасноста на јавните расх оди.

Буџетскиот дефицит во 2025 година изнесува 4% од БДП, што е намалување во однос на 4,5% во 2024 година, но и натаму го надминува законски утврдениот праг. Јавниот долг на крајот на годината достигнал 59,6% од БДП и се наоѓа непосредно под фискалниот лимит од 60%. Дополнителен ризик претставуваат доспеаните, а неплатени обврски на јавните институции, кои надминуваат 700 милиони евра, односно околу 4% од БДП, а не се вклучени во официјално прикажаниот јавен долг. 

Нивното вклучување би значело значително надминување на фискалниот праг. Фискалниот совет препорачува зајакнување на фискалната дисциплина, пореално буџетско планирање, ограничување на преземањето обврски без обезбедени извори на финансирање, подобрување на реализацијата и квалитетот на капиталните расходи и воведување пресметковна основа за евидентирање на јавните расходи. 

Неопходни се и структурни реформи што ќе обезбедат одржливост на пензискиот систем, поефикасна наплата на јавните приходи, поголема транспарентност и постепено враќање на дефицитот и јавниот долг во рамките на пропишаните фискални правила.