Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Мисајловски од Штип: Со засилено темпо продолжуваат капиталните инвестиции во Армијата

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, заедно со командантот на Првата пешадиска бригада,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, заедно со командантот на Првата пешадиска бригада, бригадниот генерал Дејан Чиплаковски, денеска беа во касарната „Јане Сандански“ во Штип, во увид на реновираниот објект кој е дел од инфраструктурните проекти кои се реализираат во касарните низ државава.  

Министерот Мисајловски порача дека инвестициите за подобрување на инфраструктурата во Армијата продолжуваат со засилено темпо.

– Гледате дека последните недели постојано промовираме нови проекти и насекаде е раздвижено во касарните, во низа на овие проекти. Тука во касарната во Штип може да видите еден преубав реконструкран објект. Се работи за целосна обнова, целосна реконструкција на објектот 35  во касарната во Штип, инвестиција од 33,7 милиони денари. Ова значи дека целосно ги променуваме состојбите во сите касарни. Ова ќе биде постојано низ годините, оваа слика постојано ќе ја гледате. Ако пред шест месеци имавте можност да видите дека овој објект до мене целосно беше реконструиран, сега сме сведоци на уште еден објект. Значи, над 1.000 квадрати реконструирани каде што навистина, со многу убави услови, ќе може да се одвива функционалноста на касарната – изјави Мисајловски.

Реклама

Тој истакна дека во рамки на реконструкцијата на објектот во касарната се вклучени: нова енергетски ефикасна фасада, обновени електрични инсталации, реконструкција на санитарните јазли како и сите останати градежни зафати.

Министерот Мисајловски додаде дека во реконструкцијата ќе биде опфатена и кровната конструкција на војничкиот ресторан и адаптација на нови хангари.

– Во овој момент преку 100 милиони денари ќе потрошиме само во касарната во Штип, односно тоа се пари на граѓаните во проекти само за модернизација во касарните, односно директно за македонската војска. Веќе е потпишан договорот и за промена на покривот во војничкиот ресторан. Исто така работиме на промена и адаптација на нови хангари. Но, она што може да го видите позади мене е целосна реконструкција на објект каде што сите фази се запазени. Гледате нова фасада, целосна нова електрика, сите фази се опфатени, нови тоалети и така натаму. Таа слика мора постојано да се случува и јас еве ветувам овие години, овие веќе две години, дека ќе бидат секој ден подобри во армијата, а тоа навистина и се случува – рече Мисајловски.

Министерот Мисајловски истакна дека повеќе од 12 милиони евра ќе се вложат во оваа и наредната година само за капитални проекти во инфраструктурата.