Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Минчев: Јавната администрација е крвотокот на државата – градиме систем во кој знаењето и резултатите се единствен критериум

Јавната администрација е еден од најважните столбови на функционална држава, а нејзината…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јавната администрација е еден од најважните столбови на функционална држава, а нејзината професионализација е клучен предуслов за европска Македонија, порача министерот за јавна администрација Горан Минчев.

Министерот во интервју за Слободен печат истакна дека Владата и Министерството за јавна администрација спроведуваат суштинска реформа на системот, чија цел е создавање модерна, ефикасна и професионална администрација ослободена од партиски влијанија.

-Јавната администрација е крвотокот на една држава. Без соодветна, добро обучена, квалитетна и со знаење исполнета јавна администрација, немаме држава – порача Минчев.

Реклама

Тој нагласи дека во изминатиот период се направени значајни реформски исчекори преку донесување на системски закони кои со години беа дел од европските извештаи. Законот за висока раководна служба, законските решенија за административните службеници и формирањето на Академијата за обука на јавната администрација, според него, се темели за нов модел на функционирање на институциите.

Министерот потенцираше дека реформата не се мери само преку донесување закони, туку преку нивна реална примена и промена на институционалната култура.

-Законот е првиот чекор, но поважно е неговото спроведување. Реформата на јавната администрација значи систем во кој секој ќе има можност да напредува преку знаење, компетенции и резултати – истакна Минчев.

Во однос на Законот за правична застапеност, Минчев посочи дека станува збор за ново, експертски подготвено решение кое за првпат го регулира овој принцип преку посебен закон, со јасна методологија и институционален механизам за следење на примената, нагласувајќи дека целта е воспоставување баланс меѓу уставните принципи и професионалните стандарди, без простор за злоупотреби.

-Правичната застапеност и квалитетот не се спротивставени. Нашата цел е секој граѓанин да има еднаква можност, а институциите да добијат најквалитетни кадри – рече Минчев.

Министерот посочи дека реформите во јавната администрација се дел од пошироката европска агенда на државата и дека процесот продолжува со силен фокус на професионализација, дигитализација, обуки и подобрување на услугите кон граѓаните.

Тој додаде дека вистинската вредност на реформите ќе се гледа преку довербата на граѓаните во институциите и преку создавање администрација која работи брзо, ефикасно и одговорно.

-Европските институции се градат со професионални луѓе, јасни правила и политичка волја за промени. Тоа е патот по кој чекориме – заклучи министерот за јавна администрација Горан Минчев.