Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Македонија

Минчев: Академијата за административни службеници влегува во завршна фаза на подготовка

Академијата за стручно усовршување и обука на административните службеници не е само…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Академијата за стручно усовршување и обука на административните службеници не е само нова институција, туку дел од пошироката визија за создавање професионална, ефикасна и современа јавна администрација. Ова е една од клучните пораки што министерот за јавна администрација Горан Минчев ги упатил на денешната тркалезна маса „Идни предизвици при воспоставување и успешно функционирање на Академијата за стручно усовршување на административните службеници“, на која биле презентирани резултатите од досегашните активности, предлог-моделите за организација на Академијата и развојот на програмите за обука.

Настанот бил организиран во рамки на проектот „Поддршка за воспоставувањето на Академијата за стручно усовршување и обука на административните службеници“, што Министерството за јавна администрација го реализира заедно со Центарот за управување со промени, со поддршка на Амбасадата на Република Франција.

Министерот Минчев нагласил дека по усвојувањето на Законот за стручно усовршување и обука на административните службеници, Министерството за јавна администрација влегло во нова фаза, односно создавање на сите предуслови за Академијата да започне со работа како централна институција за професионален развој на административните службеници.

Реклама

Во обраќањето министерот посебно се осврнал на поддршката од Француската амбасада и француските институции, оценувајќи дека размената на искуства и добри практики претставува значајна помош во градењето на современ и одржлив систем за обука на јавната администрација.

-Нашата цел е од наредната година да започне целосната примена на Законот, а Академијата да стане централно место каде што административните службеници ќе ги надградуваат своите знаења, вештини и компетенции. Уверен сум дека ќе создадеме институција која ќе биде пример за професионалност, квалитет и одржливост, рекол министерот.

Академијата за административни службеници, како што велат од МЈА, претставува еден од најважните столбови на реформата на јавната администрација, место каде што знаењето ќе се претвора во подобри институции, а подобрите институции во поквалитетни услуги за граѓаните.