Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Министерот Шасивари и директорот на РАИ ја потврдија заложбата за зајакнување на антикорупциските политики

– Министерот за правда Јетон Шасивари денеска оствари средба со директорот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Министерот за правда Јетон Шасивари денеска оствари средба со директорот на Регионалната антикорупциска иницијатива (РАИ), Алберт Хани, на која беше потврдена заедничката определба за продлабочување на соработката во борбата против корупцијата и унапредување на реформските процеси.

На средбата беше истакната важноста од активното учество на Република Северна Македонија во работата на РАИ, како и потребата од понатамошно јакнење на регионалната соработка во спречувањето на корупцијата, соопштија попладнево од Министерството за правда.

– Министерот Шасивари ја потврди поддршката на Министерството за правда за претстојните активности на РАИ, вклучително и Регионалната конференција за проценка на ризици од корупција и проверка на законодавството од аспект на корупцијата за безбедносниот сектор, што ќе се одржи во Скопје, како и своето учество на Министерскиот придружен настан за борба против корупцијата во рамките на Берлинскиот процес во Тирана. На средбата, министерот ја нагласи посветеноста на Министерството за правда на реформите во областа на владеењето на правото, усогласувањето на националното законодавство со европските стандарди и спроведувањето на приоритетите поврзани со Поглавјата 23 и 24 од пристапните преговори со Европската Унија – потенцираа од Министерството за правда.

Реклама

Како што се истакнува, двете страни ја потврдиле подготвеноста за натамошна соработка преку заеднички иницијативи и проекти за јакнење на институционалните капацитети, интегритетот и доброто владеење.

– На крајот од средбата, директорот Хани уште еднаш му ги упати своите искрени честитки на министерот Шасивари по повод неговото именување и изрази уверување дека реформските процеси ќе продолжат со силно партнерство, меѓусебна доверба и блиска соработка меѓу Министерството за правда и Регионалната антикорупциска иницијатива – се додава во соопштението.