Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Македонија

Меџити: „Чаир во ритамот на здравјето“ се проширува со јавни предавања и здравствени совети

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, одржа работна средба со лекарите вклучени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, одржа работна средба со лекарите вклучени во платформата „Чаир во ритамот на здравјето“, на која беа договорени следните активности што ќе се реализираат во рамки на оваа иницијатива.

Почнувајќи од следната недела, во просториите на Општина Чаир ќе се организираат јавни предавања со педијатри, гинеколози, матични лекари и други специјалисти, кои ќе споделуваат стручни совети и корисни информации за зачувување на здравјето и значењето на превенцијата.

Паралелно со тоа, медицинските тимови ќе продолжат секојдневно да бидат присутни во парковите во Чаир со информативни пунктови, каде што граѓаните ќе можат да добијат здравствени совети, да го измерат крвниот притисок и нивото на шеќер во крвта, како и да се информираат за важноста од редовните превентивни прегледи.

Реклама

„Нашата цел е здравствената грижа да ја доближиме до секој граѓанин. Преку оваа платформа градиме култура на превенција и создаваме можности граѓаните да добијат стручни совети и основни здравствени услуги во својата заедница,“ изјави Меџити.