Реклама

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Енергетската независнот врвен приоритет, интензивно се реализираат повеќе преокти

Филмската магија на „Преку езерото“ освен во Дојран, годинава за прв пат и во Гевгелија и во Струмица

Македонија

Мецола: Проширувањето на ЕУ е вин-вин ситуација и за земјите кандидатки и за Унијата – не смееме земјите да ги оставаме бесконечно да чекаат

Ако погледнете каде е сега секоја од земјите по големото проширување во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ако погледнете каде е сега секоја од земјите по големото проширување во 2004 година, економскиот раст, животниот стандард и квалитетот на живот што им беа донесени на тие земји јасно покажуваат дека проширувањето е вин-вин ситуација не само за земјите што сакаат да станат членки туку и оние што веќе се дел од Унијата – посочи претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, за време на нејзиното учество на конференцијата на „Економист“ порачувајќи дека стагнацијата не помага, а континуираниот статус кво носи само разочарување.

Мецола и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис дискутираа на официјалната гала-вечера на тема „Напредокот во време на превирања“, а и двајцата се осврнаа и на проширувањето на Европската Унија, особено со земјите од Западен Балкан, истакнувајќи ја важноста овој процес да оди напред и да нема стагнација.

Претседателката на Европскиот парламент посочи дека сега повеќе од десет земји сакаат да станат членки на Унијата и изрази задоволство што веќе се разговара за тоа кои чекори треба да се преземат пред проширувањето.

Реклама

– Секоја земја има свој пат и напредува врз основа на сопствените заслуги. Но, не смееме тие земји бесконечно да ги оставаме да чекаат. Присуствувавме на безброј самити ЕУ – Западен Балкан, каде што Кирјакос секогаш беше меѓу првите што велеа дека не смееме да ја завршиме средбата без нула напредок – рече Мецола.

Се осврна и на последниот самит ЕУ – Западен Балкан во Тиват велејќи дека Црна Гора „во моментот е водечка земја во пристапниот процес“

– Би рекла дека беше првиот самит од кој си заминав со доза оптимизам. Помислив: „Ова се земји што високо го веат нашето знаме.“ Тоа се земји што од избори до избори водат кампањи врз основа на надежта дека ќе станат членки на ЕУ, дека ќе бидат дел од Европа, бидејќи тоа за нив е синоним. Како ние, кои веќе сме внатре и имаме толку успешна приказна да раскажеме, ќе им кажеме: „Почекајте уште шест месеци“? Мислам дека, конечно, сме на патот на кој почнува да преовладува вин-вин дискусијата. Дали и понатаму ќе има ширење стравови? Апсолутно. Дали и понатаму ќе постои идејата дека Европа треба да остане онаква каква што е сега? Но, ако нешто научивме, тоа е дека стагнацијата никогаш не помага. Ако постојано се држите до статус кво, тогаш единственото што ќе го постигнете е да ги разочарате оние што на овој континент гледаат како на континент на иднината – порача претседателката на ЕП.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис објасни дека за проширувањето на Европската Унија, Грција, „како земја што припаѓа на регионот на Југоисточна Европа има особен интерес да ги види соседите од Западен Балкан да постигнуваат напредок во пристапниот процес“.

– Вистина е дека во повеќе наврати беа дадени ветувања од страна на ЕУ, кои не беа исполнети, делумно и затоа што овие земји не беа во можност да напредуваат со темпото што го бараше многу строгата процедура за членство во ЕУ. Охрабрувачки е фактот што Црна Гора би можела да стане 28-та членка. Не сакам да „истурам сол на раната“, но би можела да го замени Обединетото Кралство како 28-ма земја членка на ЕУ. Ова е реална можност. Би можело да се случи во следните две години и би испратило порака до Западен Балкан дека членството не е недостижен сон, туку нешто што може да се случи – рече Мицотакис.

Додаде дека сепак секоја земја се разгледува поединечно и дека постојат важни прашања што треба да се решат, а Грција е тука „да им даде поддршка на пријателите од Западен Балкан на овој тежок пат“.

Се задржа конкретно на Србија посочувајќи дека потребно е да се постигне напредок „бидејќи веќе четири години не успеавме да отвориме ниедно поглавје во преговорите со Србија“.

– Во одреден момент лесно е да почнат меѓусебните обвинувања „ти си виновен, ние сме виновни“, но Србија претставува 50 отсто од БДП на Западен Балкан и никој не може да замисли стабилен и европски ориентиран Западен Балкан без европска Србија. Можеби треба да ги убедиме некои од нашите пријатели во Советот да направат мал чекор на доверба бидејќи исто така треба да испратиме порака до Србија дека навистина сме заинтересирани да ја насочиме кон вистинскиот пат – рече Мицотакис.