Реклама

30 парични казни и 12 забрани за работа по вондредните инспекции во гостиварско

Деновиве во Кореја се одлучува за статусот на Охрид во УНЕСКО

Мицкоски: Водата во Гостивар до крај на неделата ќе биде за техничка употреба

Словенечки модел за ставање крај на злоупотребите на боледувањата

Летнатите кровови отворија сомнежи – почнуваат проверки на градежните стандарди

Мицкоски: Размислуваме за повторно намалување на ДДВ од 18% на 10%

АХВ: Во Гостивар изречени 30 казни и затворени 11 нерегистрирани оператори

По Скопје, на удар на „совршената бура“ беше и југоисточниот дел: Настрадаа Штип, Свети Николе и Пробиштип

По хаваријата со водоводот: Владата ветува брзо решение за Гостивар

Однесено со ветрот: Ден по силната бура Скопје полека се опоравува, се санираат и бројат штетите

Кулминира топлотниот бран во Грција – во Атина екстремна опасност од пожари

Рокас: ЕУ ве гледа како идна членка, но владеењето на правото останува бескомпромисен услов

Македонија

МЕРМС: Изработена првата национална Водородна студија 

Со техничка поддршка од Европската Унија, Министерството за енергетика, рударство и минерални…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со техничка поддршка од Европската Унија, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) успешно ја заврши првата сеопфатна Водородна студија за Македонија – стратешки документ што ја отвора вратата кон идната водородна економија и ја позиционира државата како дел од европската енергетска иднина.

Студијата, како што велат од МЕРМС, е изработена со техничка помош финансирана од Европската Унија преку IPA II програмата, во рамки на Western Balkans Investment Framework (WBIF) и Infrastructure Project Facility 10 (IPF10), како дел од проектот за гасно поврзување меѓу Македонија и Србија.

-Ова е прв национален документ кој на сеопфатен начин ги анализира можностите за производство, транспорт, складирање и употреба на зелен водород, како еден од клучните енергенси на иднината, во енергетиката, индустријата, транспортот и системите за централно греење. Студијата потврдува дека Македонија располага со реален потенцијал постепено да развива водородна економија и да стане активен дел од идната европска водородна инфраструктура. Во документот е нагласено дека државата, заедно со Србија и Грција, има стратешка позиција во рамките на Паневропската водородна мрежа и European Hydrogen Backbone, идната европска мрежа за прекуграничен транспорт на чист водород, соопшти МЕРМС.

Реклама

Особено значајно, се вели во соопштението, е што новата гасна интерконекција со Грција, чија изградба е во тек, е проектирана за транспорт на 100% водород. Дополнително, согласно тендерската документација за избор на проектант и изведувач на идната гасна интерконекција со Србија, предвидено е и таа да биде целосно подготвена за транспорт на 100% водород. На овој начин, двете интерконекции ќе претставуваат клучни сегменти на идниот национален водороден ’рбет и ќе придонесат за регионалната интеграција во европскиот водороден пазар.

-Со изработката на оваа студија, Македонија се вбројува меѓу малкуте земји во регионот што веќе располагаат со стратешки документ за развој на водородниот сектор, што претставува значајна предност во процесот на енергетската транзиција и усогласувањето со европските политики. Документот содржи конкретни сценарија за развој на водородот до 2050 година, со анализи за интеграција на обновливите извори на енергија, развој на водородни коридори, примена во индустријата и транспортот, како и можностите за значително намалување на емисиите на стакленички гасови, прецизираат од МЕРМС.

Изработката на Водородната студија, како што посочуваат, претставува уште една потврда за определбата на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини за забрзување на енергетската транзиција, декарбонизација на енергетскиот сектор и создавање современ, одржлив и конкурентен енергетски систем.

-Како земја кандидат за членство во Европската Унија, Македонија продолжува активно да ги усогласува своите енергетски политики со европските регулативи и стратешки иницијативи, со цел да обезбеди поголема енергетска сигурност, нови инвестиции и долгорочен одржлив развој. Водородната студија не е само анализа на идните можности – таа е патоказ за новата енергетска ера, во која Македонија навремено се позиционира како партнер во европската водородна мрежа и учесник во создавањето на чиста, нискојаглеродна економија, потенцираат од МЕРМС.