Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Мерките од Оперативниот план да бидат достапни за секој занаетчија и да биде поедноставен начинот за аплицирање, бара Занаетчиската комора

Мерките од Оперативниот план за вработување да бидат достапни за секој занаетчија,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мерките од Оперативниот план за вработување да бидат достапни за секој занаетчија, да биде поедноставен начинот за аплицирање и постапката за добивањето на поддршката да биде транспарентна како во изминатиот период, му порача денеска Занаетчиската комора на заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески.

Ристески одржа состанок со претставниците на Комората, на кој стана збор за мерките од Оперативниот план. 

Како што истакна заменик-министерот, засега најатрактивна е мерката Поддршка за креирање нови работни места, но не помал интерес има и за мерката Обука за работно место кај конкретен работодавач. Според претседателот на Занаетчиската комора, Горан Ристовски, кој ги поздрави сите мерки од Оперативниот план, најпривлечни за занаетчиите се помошта за самовработување и поддршката за обука за работно место.

Реклама

-Актуелните мерки за вработување се значајна алатка во занаетчиството, бидејќи знаеме со какви сè проблеми занаетчиите се соочуваат од аспект на недостиг на работна сила во ова време во кое што имаме и иселување. Меѓутоа, со вакви мерки и со ваков Оперативен план се надеваме дека ќе ги мотивираме младите да останат во државата. Јас особено би ги поздравил мерките за самовработување и за обука кај конкретен работодавач, бидејќи работодавачот може да формира и да обучи кадар. Ние како Занаетчиска комора сакаме овие мерки да бидат достапни за секој занаетчија, да биде поедноставен начинот на нивно аплицирање и да биде добивањето ваква помош транспарентно, што не се сомневаме, бидејќи и во изминатиот период тоа беше на исклучително високо ниво, рече Ристовски.

null

Заменик-министерот за економија и труд потсети на условите потребни за аплицирање и на роковите. Воедно ги повика сите занаетчии и невработени лица, да го искористат овој период, да се пријават во Агенцијата за вработување и да бидат корисници на некоја од мерките на Оперативниот план.

-Имавме големо роуд-шоу низ Македонија, ги посетивме сите поголеми центри, општини,… Како што се објавуваат мерките, така ние организираме средби со различните засегнати страни. Минатата недела бевме со стопанските комори на ниво на Македонија, а сега сме тука, во најголемата Занаетчиска комора на Град Скопје. Во моментов тече промоцијата на две атрактивни мерки. Едната, заедно со претходно завршената мерка самовработување, би рекол е најатрактивна од сите во Оперативниот план. Се работи Поддршка за креирање нови работни места. Втората е Обука на работно место кај конкретен работодавач. Овие мерки се доста актуелни, исто како мерката и самовработување преку која се отвораат голем број нови бизниси, односно занаети, а со тоа се зголемува и семејството на Занаетчиската комора. Имаме голема поддршка во информирање на сите оние што сакаат да бидат идни занаетчии, да се пријавуваат за оваа мерка – самовработување, а исто така доста актуелна за занаетчиите, за микро, мали и средни претпријатија е и тековната мерка Поддршка за креирање нови работни места, односно поддршка на правните субјекти за вработување невработени лица, рече Ристески.

Мерката „Обука на работно место кај конкретен работодавач“ има за цел да ги подобрат вештините и квалификациите на невработените лица за нивна поуспешна интеграција на пазарот на труд. Со оваа мерка е предвидено да бидат опфатени 50 невработени лица, кои во период од 3 месеци ќе поминат обука кај конкретен работодавач. За овој период лица што ќе посетуваат обука ќе добијат месечен надоместок во висина од 12.000 денари со вклучено осигурување, додека на работодавачот ќе му биде исплатен еднократен износ од 30.000 денари по обучено лице по завршена обука. По завршување на обуката, работодавачот има обврска да вработи најмалку 50% од лицата вклучени во обуката со полно работно време во траење од најмалку 3 месеци. Максималниот број на лица за вклучување во обука е 3 лица доколку се пријави работодавач со еден вработен. Максималниот број на лица за вклучување во обука кај еден работодавач изнесува 12 лица во зависност од бројот на вработени лица.

null

Јавниот повик за „Обука на работно место кај конкретен работодавач“ трае до 30.11.2026 година или до потполнување на планираниот опфат на лица.

Со вториот јавен повик „Вработување и раст на правни субјекти“ се дава поддршка во креирање на нови работни места во микро, мали и средни претпријатија, социјални претпријатија и граѓански организации. Со мерката една компанија може да аплицира за најмногу 5 нови работни места, а сумата варира

според категоријата на лица од 160.000 до 250.000 денари, што значи дека најголемата поддршка за една компанија може да биде до 1.250.000 денари.

Јавниот повик за мерката „Вработување и раст на правни субјекти“ е активен до петок (24 јули 2026 година)

-Целта на Оперативниот план е да се намали степенот на невработеност во Македонија и главен приоритет и цел на сите нас, и на Владата, и на работодавачите, меѓутоа и на сите граѓани во Македонија, е да ги задржиме, посебно, младите невработени лица до 29 години, подвлече заменик-министерот Ристески на средбата во Занаетчиската комора.