Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Економија

Маркетите штедат на струја, се повеќе расипани производи

Наместо смрзнати, купуваат полусмрзнати производи. Се поголем е бројот на преставки од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Наместо смрзнати, купуваат полусмрзнати производи. Се поголем е бројот на преставки од граѓани кои се жалат дека замрзнатите производи кои ги купиле, го немаат потребниот квалитет, а според нив тоа се должи на фактот што во вечерните часови во маркетите фрижидерите се исклучуваат од струја. Преставки веќе има, а инспекторите треба да излезат на терерн и да утврдат дали ова е начин за трговците ги намалат сметките за струја, посочуваат од Организацијата на потрошувачи.

 „Луѓето реагираат на тоа. Купиле производ, па го сликаат дека е расипан. Сега дали баш поради тоа е расипан не можеме ние да утврдиме, меѓутоа инспекторите може да бидат на терен, дури и рано сабајле да видат дали ладилниците се уклучени или не. Бидејќи може навечер илил во текот на денот да ги исклучуваат„ – вели Маријана Лончар Велкова од Организација на потрошувачи.

Во зимскиот период се очекува да се зголеми бројот на преставки поврзани со сметките за струја. Цената на трансмисија на струјата, најмногу ги буни граѓаните, но уште повеќе најавата дека  дрвата за огрев не смеат да се продават  повеќе од 3000денари по кубик, објаснува Велкова.

Реклама

Луѓето не можат да ги најдат тие дрва по 3000денари. И јас лично барав не можев да ги најдам. И кога правевме истражување пак не најдовме. Сега ќе мора да купат помалку од потребното, за дополнително не го оптеретат буџетот. Таква цена од 3000 до 3500денари нема„- изјави Маријана Лончар Велкова, претседателка на Организација на потрошувачи.

Од Организацијата на потрошувачи остануваат на ставот дека треба да се замрзнат цените на производите, а не маржите. Велат, тоа е единствен начин за граѓанинот  се спаси од секојдневниот ценовен шок што го доживува со секое влегување во маркетите. 

Александра Ристевска