Реклама

Тошковски и Дачиќ од Табановце ја промовираа кампањата „Вози одморен“

Мицкоски најави период на резултати, со реконструкцијата владината коалиција се проширува со Демократската партија на Турците

Малолетниците симнати од тротинетите – почна да функционира новиот закон за електричните тротинети

Експерти за реконструкцијата: Владината ротација носи стабилност и нова енергија

Почнува изградбата на „Лидл“ во Струмица

Нова опрема и технологија на аеродромот во Скопје – побрзи контроли и поголема безбедност на патниците

Мобилните телефони се почесто ги заменуваат картичките и готовината

Блокада на Изборниот законик: ВМРО-ДПМНЕ ги прифати сите барања на СДСМ и Левица, но не се откажува од дијаспората

Мицкоски: Реконструкцијата на Владата е со цел да има нова енергија за нов импулс, за уште повеќе работа, новата енергија е ново забрзување

Изборниот законик останува заглавен во собраниските лавиринти

Коцка ќе се фрла подалеку од училиштата, нема веќе агресивни светлечки реклами: стапува на сила новиот закон

Фактура по фактура, цена по цена – се чешла работата на маркетите, нема да се дозволи богатење на грбот на граѓаните

Македонија

Манасиевски: На Венко Заев му смета македонската дијаспора да гласа, Апасиев алчен за повеќе пари, затоа се здружија со над 10 илјади амандмани да го блокираат Изборниот законик

Иако со месеци се работеше на консензус на сите политички партии за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Иако со месеци се работеше на консензус на сите политички партии за носење на нов Изборен законик, коалицијата на Венко Заев и Апасиев излезе повторно на виделина и со над 10 илјади амандмани здружено го блокираат реформскиот закон, односно Изборниот законик, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на партискиот портпарол Валентин Манасиевски.

Венко Заев и СДСM свесни дека поддршката ја губат се повеќе и повеќе, директно се спротивставуваат за тоа македонската дијаспора да гласа по електронски пат, со единствена цел да го намалат оној убедлив пораз којшто им следува на следните парламентарни избори.

Венко Заев се плаши од народот и сега, откако претходно го избрка народот од сопствената држава, денеска тој се противи истите тие луѓе кои си отидоа надвор од државата токму поради него и Зоран Заев, да гласаат по електронски пат.

Реклама

Затоа Венко Заев и СДСM одат директно против македонската дијаспора и нејзиното гласачко право.

Од друга страна, Апасиев и Левица алчни за пари, иако претходно им беа прифатени сите нивни барања да бидат внесени во новиот Изборен законик, а тие се однесуваа стриктно само на тоа да добијат што повеќе пари како политичка партија, истите денес го блокираат Законот.

Апасиев и Левица сакајќи да глумат тврдокорни пред своето мало гласачко тело, рекоа дека нема да се потпишат за носење на новиот Изборен законик, а притоа ќе повториме дека сите нивни барања беа прифатени, а се однесуваа стриктно на поголема финансиска можност во делот на финансирање на нивните кампањи.

Почитувани граѓани,

Алармот се вклучи токму кога Венко Заев и Апасиев сфатија дека рејтинзите им одат надолу, па заеднички здружено поднесуваат десетици илјади амандмани, со цел да си создадат алиби за поразот на следните избори.

ВМРО-ДПМНЕ и натаму стои со отворен предлог да ги повлечат амандманите, да поднесат амандмани за начинот на гласање и за начинот за поднесување на преговори, а тие да ја поддржат дијаспората да гласа по електронски пат на следните претседателски избори, со кои како држава ќе заштедиме огромна сума на пари.